bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Malachi 1
Malachi 1
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
1
Пророчко слово од Господ до Израил преку Малахија.
2
Ве засакав, вели Господ. А вие рековте: „Во што си покажал љубов кон нас?“ Зар Исав не е брат на Јаков, вели Господ, но сепак Јас го засакав Јаков,
3
а Исав го замразив и ги предадов планините негови, за да се запустат, и пределите негови – на чакалите пустински.
4
Ако Едом рече – ние сме разорени, но ќе се подигнеме сами, Господ Саваот вели – тие ќе се подигнат, но Јас пак ќе ги разурнам, и така ќе ги наречат – грешна земја и народ – на кои се разгневил Господ засекогаш.
5
И вие ќе го видите тоа, па ќе речете: Голем е Господ преку границите на Израил.
6
Синот го почитува татко си, а робот – господарот свој; а ако сум Јас Татко, тогаш каде е почитта кон Мене? И ако сум Јас Господ, тогаш каде е стравот пред Мене – вели Господ Саваот; вие свештениците, кои го презирате името Мое, велите: во што го презираме името Твое?
7
На жртвеникот Мој вие принесувате опоганет леб, а велите, со што Те осквернуваме? – Со тоа што велите: трпезата Господова не заслужува почитување.
8
И кога како жртва принесувате слеп добиток – нели е тоа лошо, или кога принесувате куцо и болно, зар и тоа не е лошо? Ако го однесеш тоа на твојот кнез – ќе биде ли тој задоволен од тоа и ќе те прими ли со радост? – вели Господ Саваот.
9
И така, молете Му се на Бога за да нѐ помилува; но штом таква работа излегува од рацете ваши, ќе може ли Тој тоа милостиво да го прими? – вели Господ Саваот.
10
Подобро е некој од вас да ја затвори вратата и да не се пали напразно оган на Мојот жртвеник! Не сте Ми мили, вели Господ Саваот, и не сакам да примам дар од вашите раце.
11
Зашто од сончевиот исток па сѐ до запад името Мое е големо меѓу народите, и тие на секое место принесуваат темјан и чиста жртва; големо е името Мое меѓу народите, вели Господ Саваот.
12
А вие го сквернавите со тоа што велите – трпезата Господова не заслужува почитување и храната на неа е безвредна!
13
А притоа велите уште: ете колку голем труд, а можеше и без тоа, вели Господ Саваот; принесувате крадено, куцо и болно, а притоа принесувате уште и таков лебен дар: па можам ли со благонаклоност да го примам тоа од вашите раце? – вели Господ Саваот.
14
Нека е проклет оној што лаже, оној кој во стадото свое има здрав овен, а дал и завет, па во жртва на Господ Му принесува јалова овца! Зашто Јас сум Цар голем и името Мое е почитувано меѓу народите, вели Господ Саваот.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3