bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Nahum 2
Nahum 2
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
1
Се крева против тебе уништувач: пази ги тврдините, чувај го патот, зацврсти ги бедрата, собирај сили.
2
Зашто Господ ќе го обнови величието на Јаков, како величието на Израил, зашто пакосници ги запустија и лозјата им ги сотреа.
3
Штитовите на неговите јунаци се црвенеат: војниците негови носат пурпурни облеки; колите бојни ќе фрлаат оган во денот кога ќе ги построи; напаѓачите ќе се исправат.
4
Колите ќе траскаат по улиците и ќе се судираат една со друга, ќе изгледаат како запалени факли, и ќе светкаат како молњи.
5
Тој ги повикува јунаците свои, се фрлаат во рововите, брзаат кон ѕидините на градот, опсадата е веќе подготвена.
6
Градските порти кај реките се отвораат, палатата трепери.
7
Решено е: Господарката ќе биде во плен одведена, а слугинките нејзини ќе тагуваат како гулаби, удирајќи се в гради.
8
Ниневија, откако беше основана, беше како преполнето езеро, а тие бегаат пред нејзините води. „Стојте, стојте!“ Но никој не се свртува да погледа.
9
Грабајте сребро, грабајте злато; нема крај на натрупаните скапоцени работи.
10
Ограбена, опустошена и разурната е таа – срцата се топат, колената треперат; сите чувствуваат болки во бедрата, а лицата им се пребледени.
11
Каде е сега леглото на лавовите и пасиштата на лавчињата, каде што одеа лав, лавица и лавче, и никој не ги плашеше?
12
Каде е лавот што грабаше за да им носи на лавчињата и им даваше на лавиците, полнејќи ги со плен пештерите свои и леглата свои со грабеж?
13
Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, и ќе ги претворам во дим твоите бојни коли, и меч ќе ги исече лавчињата твои, и ќе го истребам од земјата грабежот твој; повеќе нема да се чуе гласот на твоите пратеници.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3