bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Song of Solomon 4
Song of Solomon 4
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 5 →
1
Возљубениот: О, убава си, љубов моја, убава си! Очите твои се гулаби под твојот превез; косата ти е како стадо кози, кога слегуваат од гората Галаад;
2
забите твои – како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња, и без јагне нема ниедна;
3
усните твои се како алова панделка, а устата твоја е прекрасна; твоите образи под превезот твој се како половинки од калинка;
4
вратот ти е – како Давидовата кула, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци;
5
двете твои гради се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови.
6
Во ладовината на вечерта кога ќе одминат сенките, ќе одам на смирновата гора и на темјановиот рид.
7
Цела си убава, мила моја, нема ни дамка на тебе!
8
Слези со мене, невесто моја, симни се од планините на Ливан и дојди со мене; симни се од врвовите на Амана, Сенир и Хермон. Побегни од тие лавовски легала, од леопардовите гори!
9
Ти го освои срцето мое, сестричке, невесто, го плени срцето мое со еден поглед на очите свои и само со една од веришките на вратот свој.
10
О, колку е слатка љубовта твоја, сестричке, невесто! Послатка е љубовта твоја од вино, и пријатниот мирис од твоите масла е попријатен од сите ароми.
11
Од устата твоја капе восочен мед, невесто, мед и млеко под јазикот твој, и мирисот на облеката твоја е како мирис леванонски!
12
Затворена градина е мојата сестричка, невеста, извор затворен, кладенец запечатен;
13
твојот насад е градина од дрвја со вкусни плодови, кипар и нард,
14
нард и шафран, трска и цимет со секакви миризливи дрвја, смирна и алој со најубави ароми,
15
ти си градински извор, кладенец од жива вода, поток што тече од Ливан.
16
Возљубената: Подигни се, ветре, од север, повеј и ти, ветре, од југ и повеј над градината моја, за да прострујат аромите нејзини! Нека дојде мојот возљубен во градината своја и нека касне од слатките плодови нејзини.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8