bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Thessalonians 2
2 Thessalonians 2
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
1
А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање кај Него, ве молам, браќа,
2
да не се поколебате лесно во мислите свои и да ве обзема ужас, било поради некој дух, било поради некој збор, или преку послание, небаре како од нас испратено, дека божем веќе настапил Христовиот ден.
3
Никој да не ве измами на ниеден начин; зашто оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие Човекот на гревот, Синот на погибелта,
4
кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог.
5
Не помните ли дека уште кога бев кај вас ви зборував за тоа?
6
Сега знаете што го задржа него да се открие во свое време.
7
Тајната на беззаконието веќе дејствува, само тоа нема да биде извршено додека не се оттргне оној што ја задржува сега;
8
тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ (Исус) ќе го убие со здивот на устата Своја и преку појавата на Своето доаѓање ќе го истреби.
9
Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса,
10
и со секакво неправедно измамување меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината та да би се спасиле.
11
И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата,
12
та да бидат осудени сите кои не поверуваа во вистината, а ја засакаа неправдата.
13
Ние, пак, сме должни да Му благодариме на Бога за вас секогаш, возљубени од Господ браќа, затоа што од почетокот, преку осветувањето од Светиот Дух и преку верата во вистината, Бог ве избра за спасение,
14
кон кое ве повика преку нашето Евангелие за да ја придобиете славата на нашиот Господ Исус Христос.
15
И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание.
16
А сам Господ наш, Исус Христос, и Бог и Отец наш, Кој нѐ возљуби и преку благодатта Своја ни даде вечна утеха и добра надеж,
17
нека ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело!
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3