bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Ephesians 5
Ephesians 5
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 6 →
1
И така, угледајте се на Бога, како чеда возљубени,
2
и живејте во љубов, како што и Христос ве возљуби и за нас се предаде Себеси како принос и жртва на Бога за пријатен мирис.
3
А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост воопшто да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии,
4
ниту, пак, срамни и будалести зборови или двосмислени приказни, што се неприлични, туку само благодарност.
5
Зашто ова треба да го знаете: дека ниеден блудник, или нечист, или користољубец — кој е идолопоклоник, нема дел во царството на Христос и Бог.
6
Никој да не се мами со празни зборови; зашто поради нив доаѓа гневот Божји врз синовите на непокорноста;
7
затоа, не станувајте нивни соучесници.
8
Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината!
9
Зашто плодот на светлината се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито —
10
одлучете се за она што Му е мило на Бога!
11
Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги!
12
Зашто за она што го прават скришум, срамно е и да се зборува.
13
А сѐ што е изобличено, светлината го прави јавно; бидејќи сѐ што е јавно, светлина е.
14
Затоа е речено: „Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!“
15
Па така, внимавајте добро како живеете! Не како безумни, туку како мудри;
16
ползувајте го времето, зашто дните се лукави.
17
Затоа немојте да бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Божја!
18
И не опивајте се со вино, во него има разврат, но исполнете се со Дух.
19
Разговарајте меѓу себе со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господ во срцата ваши;
20
благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Господ Исус Христос;
21
покорувајте се еден на друг во страхопочит Божја.
22
Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господ,
23
зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото.
24
Па, како што Црквата Му се покорува на Христос, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сѐ.
25
Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црквата и се предаде Себе за неа,
26
за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;
27
та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернување, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.
28
И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; зашто, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси.
29
Зашто никој никогаш не го намразил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата,
30
бидејќи ние сме делови на Неговото тело.
31
„Поради тоа, човекот ќе го остави својот татко и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат едно тело.“
32
Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христос и за Црквата.
33
И така, секој од вас да си ја сака жената своја, како што се сака самиот себе, а жената да го почитува мажот свој.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6