bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Ezekiel 47
Ezekiel 47
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 46
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 48 →
1
Потоа ме врати кај вратата на храмот, а ете, таму, под прагот на храмот течеше вода кон исток, бидејќи храмот беше свртен кон исток, и водата течеше од под десната страна на храмот, јужно од жртвеникот.
2
Ме изведе низ северната врата и однадвор ме поведе кон надворешната врата, по патот, свртен кон исток, каде што водата течеше од десната страна.
3
Кога тој човек појде кон исток, во раката држеше јаже; тогаш тој измери илјада лакти и ме поведе преку водата; водата беше длабока до глуждовите.
4
Потоа измери уште илјада лакти и пак ме преведе преку водата; водата беше длабока до колена. Измери уште илјада лакти и ме преведе преку водата: водата беше длабока до појасот.
5
И пак измери уште илјада лакти, а таму веќе имаше река, преку која јас не можев да минам, бидејќи водата беше толку висока што требаше да пливам, зашто таа река не можеше да се прегази.
6
Па ми рече: „Виде ли, сине човечки?“ Потоа ме поведе назад кон брегот на реката.
7
А кога се вратив назад, таму, пак, на бреговите од едната и од другата страна имаше многу дрвја.
8
И ми рече: „Оваа вода тече кон источниот дел на земјата, се спушта во Арава и потоа ќе се влива во морето; и водите на реката ќе бидат здрави.
9
И секое живо суштество што ќе се движи таму, каде што се вливаат двете струи, ќе биде здраво; и риби ќе има таму многу, зашто таа вода ќе се влива таму; и водите на морето ќе станат здрави, и каде што ќе се влива таа река, таму сѐ ќе биде живо.
10
И до него ќе стојат рибари од Ен-Геди до Ен-Еглаим, ќе фрлаат мрежи. Ќе има секаков вид риба, како и во Големото Море, и ќе има многу, многу риба.
11
Мочуриштата и барите негови, нема да станат здрави, тие ќе бидат оставени за сол.
12
По бреговите на реката од едната и од другата страна ќе растат секакви дрвја, што ќе даваат храна; лисјата нивни нема да свенуваат и плодовите нивни нема да завршуваат; секој месец ќе зреат нови, зашто водата од светилиштето тече за нив; плодовите нивни ќе служат како храна, а лисјата нивни — за лек.“
13
Вака вели Господ Бог: „Еве ја распределбата, според која вие ќе треба да ја разделите земјата во наследство помеѓу дванаесетте Израелови колена — на Јосифовите два дела.
14
Па наследете ја, како едниот, така и другиот; зашто Јас, кога ја кренав раката, се заколнав дека ќе им ја дадам на татковците ваши, и таа земја ќе ви биде наследство.
15
А еве ја границата на земјата: од север, почнувајќи од Големото Море, преку Хетлон до Хамат, по патот за Цедад,
16
Берот, Сивраим, што се наоѓа меѓу областа на Дамаск, и Хамат, Хацер-Тикон, кој се наоѓа на Хауранската граница.
17
И границата од морето ќе биде до Хацар-Енан, границата со Дамаск и понатаму на север сѐ до областа Хамат: тоа ќе биде северниот крај.
18
Од источната страна повлечете црта меѓу Хауран и Дамаск, меѓу Галаад и земјата израелска, по реката Јордан сѐ до морето источно: тоа е источната граница.
19
А од јужната граница кон југ од Тамара до водата на Мерива во Кадис, сѐ по должината на потокот до Големото Море: тоа е јужната граница.
20
Западната граница ќе биде Големото Море, од југ до местото спроти Емат: тоа е западната граница.
21
Разделете си ја таа земја на делови според Израеловите колена.
22
А разделете ја со ждрепка како наследство свое и наследство на придојдени, што живеат кај вас, и кои родиле деца кај вас, па и тие нека се сметаат како домородци, и да имаат дел од наследството меѓу колената Израелови.
23
Кај чие колено живее доселеник, кај него дајте му и негово наследство“, вели Господ Бог.
← Chapter 46
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 48 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48