bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Hosea 2
Hosea 2
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 3 →
1
„Но бројот на синовите Израелови ќе биде како песокот морски, кој не ќе може ни да се измери ниту да се изброи; и место да им речат — вие не сте Мој народ — ќе им се рече — вие сте синови на живиот Бог.
2
И ќе се соберат синовите Јудини и синовите Израелови заедно и ќе си постават еден старешина и ќе излезат од земјата, зашто голем е денот на Јизреел.
3
Речете им на браќата свои: ‚Ами‘ и на сестрите свои ‚Рухама‘.
4
Судете се со својата мајка, расправајте се; зашто таа не е Моја жена, и Јас не сум ѝ маж нејзин; нека го отфрли блудството од лицето свое и прељубодејството од градите свои, за да не ја сотрам,
5
за да не ја соблечам гола и да не ја покажам како во денот на нејзиното раѓање, и да не ја направам пустелија, за да не ја претворам во сува земја и да не ја усмртам со жед.
6
И децата нејзини нема да ги помилувам, зашто тие се деца од блудство.
7
Бидејќи мајката нивна блудствуваше, се осрамоти онаа, која ги зачна, зашто си велеше — ќе тргнам по љубовниците свои, кои ми даваат леб и вода, волна и лен, масло и пијалак.
8
Ете, затоа Јас ќе ѝ го препречам патот нејзин со трње и ќе ја заградам со ограда, и таа не ќе може да ги најде патеките свои;
9
ќе се впушти по љубовниците, но нема да ги стигне; ќе ги бара, и нема да ги најде; и ќе си рече: ќе се вратам и ќе појдам кај првиот маж; зашто тогаш ми беше подобро, отколку сега.
10
А таа не знаеше дека Јас ѝ давав жито, вино и масло и ѝ го намножував среброто нејзино и златото, од кое му направија идол на Ваал.
11
Затоа ќе си го земам житото Свое, и виното Свое, кога за тоа ќе му дојде времето и ќе ја одземам волната Своја и ленот Свој, со што се покрива голотијата нејзина.
12
И сега ќе ја откријам срамотијата нејзина пред очите на нејзините миленици, и никој не ќе ја избави од раката Моја.
13
И ќе укинам кај неа секаква веселба, празниците и новомесечијата нејзини, и саботите и сите нејзини прослави.
14
И ќе ги запустам лозјата нејзини и смоквите, за кои таа беше рекла: ‚тоа ми се подароци, со кои ме даруваа љубовниците мои;‘ и Јас ќе ги опустошам, и полските животни ќе ги изедат.
15
И ќе ја казнам за деновите поминати во служење на Вааловците, кога им кадела и ги китела со обетки и гривни, одела по љубовниците свои, а Мене Ме заборавила, вели Господ.
16
Поради тоа Јас ќе ја привлечам и ќе ја одведам во пустина, па ќе му зборувам на нејзиното срце.
17
И ќе ѝ ја вратам лозата нејзина и долината Ахор како трем на надеж; и таму таа ќе пее како во деновите на својата младост и како во денот кога излезе од египетската земја.
18
И во тој ден, вели Господ, ти ќе Ми велиш — мажу Мој, и нема повеќе да Ми велиш — Ваалу Мој.
19
И ќе ги отстранам од устата нејзина имињата на Вааловците, и нема повеќе да се спомнува името нивно.
20
И во тоа време поради нив ќе склучам сојуз со животните полски, со птиците небески и со лазачите по земјата; а лак, и меч, и војна ќе истребам од таа земја, и ќе им дозволам да живеат во мир и сигурност.
21
И ќе те свршам за Себе вечно, и ќе те свршам за Себе во правда и справедливост, во благослов и милосрдност.
22
И ќе те свршам за Себе во верност и ти ќе Го познаеш Господа.
23
И во тој ден Јас ќе се одзовам, вели Господ, Јас, ќе му се одзовам на Небото, а тоа ќе ѝ се одзове на Земјата,
24
и Земјата ќе му се одзове на житото и виното и маслото; а тие ќе му се одзоват на Јизреел.
25
И ќе ја посеам за Себе на земјата, и ќе ја засакам Ло-Рухама и ќе му речам на Ло-Ами: ‚Ти си Мој народ‘, а тој ќе рече: ‚Ти си мој Бог!‘“
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14