bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Lamentations 2
Lamentations 2
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
1
Како ја помрачи Господ во гневот Свој ќерката Сионова! Од небесата ја симна славата Израелова и не се потсети за подножјето на нозете Свои во денот на Својот гнев.
2
Господ ги сотре сите живеалишта на Јаков, не ги поштеди; ги разруши во јароста Своја сите тврдини на ќерката Јудина, ги кутна на земја, ги отфрли царството негово и кнезовите негови, како нечисти.
3
Во жестокиот гнев Свој ги скрши сите рогови Израелови, ја повлече десницата Своја од непријателот и се разгори против Јаков како огнен пламен, кој проголтува сѐ наоколу;
4
го затегна лакот Свој како непријател, ја управи десницата Своја како непријател и уби сѐ што е мило за очите; врз скинијата на ќерката Сионова ја излеа како оган јароста Своја.
5
Господ стана како непријател, го истреби Израел, ги разори сите домови негови, ги разруши тврдините негови и умножи при ќерката Јудина тага и плач.
6
И ја сруши скинијата Своја како градина; го разори местото Свое во собранието, Господ направи на Сион да се забораваат празниците и саботите; и во Своето гневно негодување отфрли и цар и свештеник.
7
Го отфрли Господ жртвеникот Свој, го одврати срцето Свое од светилиштето Свое, ги предаде на непријателите ѕидовите на дворците нивни; во домот Господов тие се развикаа како во празничен ден.
8
Господ реши да ги разруши ѕидовите на ќерката Сионова, оптегна јаже, не ја одврати раката Своја од разрушувањето; ги сосипа надворешните тврдини, и ѕидовите беа заедно со нив разрушени.
9
Портите нејзини во земја потонаа; Тој ги искрши и ги уништи резињата нивни; царот нејзин и кнезовите нејзини се меѓу незнабошците; Законот веќе не се чита, и пророците нејзини веќе не се удостојуваат со виденија од Господ.
10
Старешините на ќерката Сионова седат на гола земја и молчат, си ги посипуваат со пепел главите свои, се препашуваат со вреќиште; ги наведнале главите кон земјата девојките ерусалимски.
11
Ми отекоа од солзи очите мои, утробата ми се превртува, срцето ми се кине, зашто гине ќерката на мојот народ, кога децата и доенчињата умираат од глад по плоштадите на Ерусалим.
12
Умирајќи како ранети по градските улици, тие им велат на мајките свои: „Каде има жито и вино?“ и ги испуштаат душите свои во мајчините прегратки.
13
Што да ти кажам и со што да те споредам, ќерко ерусалимска? Што да ти направам, за да те утешам, девојко, ќерко Сионова? Зашто раната твоја е како море голема; кој може да те исцели?
14
Пророците твои ти кажуваат работи неостварливи и лажни, не го откриваа твоето беззаконие, за да те одвратат од твоето ропство, и искажуваа лажни откровенија, кои те доведоа до прогонство.
15
Раце плескаат за тебе сите што минуваат по пат, си потсвирнуваат и си ги нишаат главите за ќерката ерусалимска, па велат: „Ова е градот, што го нарекуваа совршенство на убавината, радост на целата земја?“
16
Ги отвориле устите на тебе сите непријатели твои, си потсвирнуваат и си крцкаат со забите свои, велејќи: „Го проголтавме, та само овој ден и го чекавме ние, го дочекавме и го видовме!“
17
Господ го изврши она, што беше определил, го исполни зборот Свој, изречен во поранешните времиња, безмилосно го разори и го предаде на непријателот, кој ликува над тебе, го крена високо рогот на твоите непријатели.
18
Срцето нивно повикува кон Господ. Карпо на ќерката Сионова! Леј солзи дење и ноќе, не давај си мир, не затворај ги зениците на очите свои!
19
Станувај, викај ноќе при почетокот на секоја стража; излевај го како вода срцето свое пред лицето на Господ; протегај ги кон Него рацете свои за душата на децата свои, кои умираат од глад по аглите на сите улици.
20
„Погледај, Господи, и види: кому си му направил вака — жените да го јадат плодот свој — децата, од нив отхранети? Во светилиштето Господово да биваат убивани свештеник и пророк?
21
Децата и старците лежат мртви по улиците; момите и момците мои паднаа од меч; Ти ги убиваше во денот на Твојот гнев, колеше безмилосно.“
22
Како на празник ги повика сите мои ужаси, и во денот на гневот Господов никој не се спаси, никој не побегна; оние, што бев ги отхранила и одгледала, непријателот ми ги истреби.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5