bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Malachi 2
Malachi 2
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
1
И така, за вас свештениците е оваа заповед:
2
ако не послушате и не си ставите на срце, за да Му оддадете слава на името Мое, вели Господ Саваот, Јас ќе испратам врз вас проклетство и ќе ги проколнам вашите благослови, и веќе проколнувам, бидејќи вие не сакате ова да го примите на срце.
3
И, ете, јас ќе ви го одземам трудот, и нечистотијата ќе ви ја фрлам врз лицето ваше, нечистотиите од вашите празнични жртви, и ќе ве исфрлам заедно со нив.
4
И тогаш ќе познаете дека Јас ја дадов таа заповед, за да го запазам заветот Мој со Левиј, вели Господ Саваот.
5
Заветот Мој со него беше завет за живот и мир, и Јас му го дадов за страв, и тој се боеше од Мене и од името Мое се плашеше.
6
Законот на вистината беше на устата негова, и неправда не се најде на јазикот негов; во мир и правда тој одеше со Мене и многумина одврати од грев.
7
Зашто устата на свештеникот треба да располага со знаење, и Законот го бараат од устата негова, бидејќи тој е гласник на Господ Саваот.
8
А вие застранивте од овој пат, на многумина им послуживте како соблазна во Законот, го разрушивте заветот на Левиј, вели Господ Саваот.
9
Затоа Јас ве направив презрени и понизени пред сите народи, зашто не ги запазивте патиштата Мои и пристрасно го применувате Мојот Закон.
10
Зар сите немаме еден и ист Отец? Нели Единиот Бог нѐ создаде? Зошто тогаш вероломно постапуваме еден со друг, нарушувајќи го на тој начин заветот на нашите татковци?
11
Вероломно постапи Јуда, и одвратност се врши во Израил и во Ерусалим; Јуда ја оскверни светињата, омилена на Господ, а освен тоа и се ожени со ќерка на туѓ бог.
12
Господ нека го истреби од шаторите на Јаков секој, кој прави така, секој што сведочи, одговара или принесува жртва на Господ Саваот!
13
А го правите и ова — го обливате со солзи жртвеникот Господов, плачејќи и воздивнувајќи, така што Тој веќе и не гледа на приносот и не ја прима жртвата за милост од рацете ваши.
14
Вие, пак, прашувате — зошто? Поради тоа што Господ беше сведок меѓу тебе и жената од твојата младост, на која не ѝ беше верен, иако таа ти е помошничка и твоја законска жена.
15
Зар Тој не направи да бидеш едно тело и еден дух со неа? И што сакаше Тој со тоа? Тој сакаше да добие потомство од Бога. Па така, пазете го духот свој и никој да не ја изневерува жената од својата младост.
16
Зашто Јас мразам развод — вели Господ, Бог Израилев — и човек што си ја опоганува својата облека со неверство, вели Господ Саваот. Затоа пазете го духот свој да не постапувате вероломно.
17
Вие Го разгневувате Господа со своите зборови, велејќи: па со што го лутиме? Со тоа што велите — секој што прави зло, добар е пред очите на Господ и таквите Му се мили, а и каде е Бог, Кој право суди?
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4