bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Micah 4
Micah 4
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 5 →
1
И, ете, во последните дни планината на Господовиот дом ќе биде поставена на чело над сите планини, и ќе се издигне над ридовите, и ќе поитаат кон неа народите.
2
И ќе тргнат многу народи, и ќе речат: „Дојдете да се искачиме на гората Господова и да влеземе во домот на Јаков — и Тој ќе нѐ научи на Своите свети патишта, и ќе одиме по патеките Негови; зашто од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим — словото Господово.
3
Тој ќе управува со многу народи и ќе пресудува меѓу многу племиња во далечни краишта; па ќе ги прековаат мечевите свои во плугови и копјата свои — во српови; и народ против народ нема да крене веќе меч, и нема веќе да се учат да војуваат;
4
секој ќе седи спокојно под лозата своја и под смоквата своја, и никој нема да се плаши, зашто устата на Господ Саваот го изрекла тоа.
5
Зашто сите народи одат, секој во името на својот бог, а ние ќе одиме во името на Господ, нашиот Бог, секогаш и довека.“
6
Во оној ден, вели Господ, ќе соберам сѐ што е куцо, и ќе соединам што е разгонето, и оние, врз кои сум допуштил неволја.
7
И ќе направам од остатокот на куците и прснатите по светот силен народ, и Господ ќе царува над нив на гората Сион од сега па довека.
8
А ти, куло на стадото, риду на Сионовата ќерка, кај тебе ќе дојде и ќе се врати поранешното владение, царството — кај ќерките ерусалимски.
9
А зошто ти сега така гласно плачеш? Зар немаш цар или ти недостига советник, па те обзеле маки како кај родилка?
10
Страдај и мачи се од болки, ќерко Сионова, како родилка, зашто сега ќе излезеш од градот, ќе живееш во полето и ќе стигнеш во Вавилон. Таму ќе бидеш избавена, таму ќе те откупи Господ од рацете на непријателите твои.
11
А сега се собрани многу народи против тебе и велат: „Нека биде осквернета и очите наши да се нагледаат на Сион!“
12
Но тие не ги знаат замислите на Господ и не ги разбираат намерите Негови — дека Тој ги собрал како снопје на гумно.
13
Стани и удирај, ќерко Сионова, зашто Јас ќе го направам рогот твој железен и копитата твои бакарни; ќе прегазиш многу народи, и нивните трудови и богатства ќе ги посветиш на Господ — Владетелот над целата земја.
14
Но сега сме со ѕидини опколени и пак сме опседнати, со прат го бијат по образите судијата на Израел.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7