bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Nahum 3
Nahum 3
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
1
Тешко му на крвничкиот град! Тој е полн со измама и убиства; грабењето не престанува во него.
2
Се слуша плускање на бичеви и трескот од тркала како и од потскокнување на бојни коли.
3
Коњаниците потскокнуваат, болскаат мечеви и светкаат копја. Многу убиени и купишта трупови! На труповите им нема крај; и се сопнуваат од нив.
4
Сето тоа е за многуте блудствувања на убавата на изглед развратница, вешта во магии, која со блудот свој заведува народи, а со магиите — племиња.
5
Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, ќе ја кренам полата од твојата облека врз твоето лице и ќе им ја покажам на народите твојата голотија, и на царствата — срамотиите твои.
6
Ќе нафрлам врз тебе нечистотии, ќе те направам презрена, и ќе те направам за срам.
7
И секој, штом ќе те види, ќе побегне од тебе и ќе рече: „Разурната е Ниневија! Кој ќе ја пожали? Каде да најдам утешител за тебе?“
8
Зар си подобра од Но-Амон, кој лежи меѓу речните ракави на Нил; чиј окоп е морето, и тоа му служеше како ѕид.
9
Етиопија и Египет со безбројно множество луѓе ти служеа како поткрепа; а и народите на Пут и Либија ти идеа на помош.
10
Па сепак и таа отиде во ропство; дури и децата ѝ се здробени — по сите градски крстосници; а за првенците нејзини фрлија ждрепка, и сите големци се во вериги оковани.
11
И ти така ќе се опиеш и ќе се криеш; и ќе бараш засолниште од непријателите свои.
12
Сите твои градови се како смокви со зрели плодови: ако ги затресеш, ќе паднат право во устата на оној што сака да ги јаде.
13
Погледни си го народот: во твојот дом се само жени, на непријателите твои ширум им се отвораат портите на земјата, и оган ги проголта твоите резиња.
14
Зафати си вода за опсадата; зацврсти ги тврдините; влези во кал, гази глина, направи калапи за печење тули.
15
Таму оган ќе те проголта, меч ќе те исече, ќе те изеде како гасеница, макар и да сте се намножиле како гасеници, па и да сте се намножиле како скакулци.
16
Трговците во тебе се повеќе од ѕвездите на небото; но тие како скакулците ќе се распрскаат и ќе одлетаат.
17
И кнезовите твои се како скакулци, а војводите — како рој мушички, кои во студено време се гнездат во пукнатини, а кога ќе изгрее сонцето се разлетуваат, и нема да го распознаеш местото каде што биле.
18
Спијат твоите пастири, царе асирски, почиваат твоите големци; твојот народ се распрснал по горите, и нема кој да го прибере.
19
Нема лек за твојата рана, лута е раната твоја. Сите, што ќе чујат за тебе, ќе ракоплескаат, зашто кој можеше да се спаси од твојата сурова свирепост?
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
All chapters:
1
2
3