bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Nehemiah 8
Nehemiah 8
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 9 →
1
Кога настапи седмиот месец, и синовите Израелови беа населени по градовите, се собра сиот народ еднодушно на плоштадот што се наоѓа пред Водните Порти, и му рекоа на книжникот Ездра да ја донесе книгата на Мојсеевиот закон, која Господ му ја беше дал на Израел.
2
И свештеникот Ездра го донесе законот пред собранието од мажи, жени и сите што можеа да разбираат, во првиот ден на седмиот месец;
3
и читаа од него на плоштадот што е пред Водните Порти, од осамнување до пладне, пред мажите, жените и сите што можеа да разберат; и сиот народ со внимание ја слушаше книгата на законот.
4
Книжникот Ездра стоеше на повисоко место што се приготви за таа цел, а до него десно стоеја Матитија, Шема, Анаја, Урија, Хелкија и Маасеја, а лево од него — Федаја, Мисаил, Малкија, Хашум, Хашбадана, Захарија и Мешулам.
5
Ја отвори Ездра книгата пред очите на сиот народ, зашто тој стоеше повисоко од сиот народ. А кога ја отвори, сиот народ стана.
6
Тогаш Ездра Го благослови Господа, Великиот Бог. И сиот народ одговараше: амин, амин, — кревајќи ги рацете нагоре, поклонувајќи се и паѓајќи ничкум доземи пред Господ.
7
А левитите Јешуа, Ваниј, Шеревија, Јамин, Акув, Шабетај, Ходија, Маасеја, Келита. Азарија, Јозавад, Ханан, Пелаја му го објаснуваа законот на народот, а народот стоеше на местата свои.
8
И читаа разбирливо од книгите, од законот Божји, и даваа толкување, и народот го разбираше прочитаното.
9
Тогаш Неемија, и книжникот Ездра, свештеник, и левитите, кои го поучуваа народот, му рекоа на сиот народ: „Овој ден е свет пред Господ, вашиот Бог; не тажете и не плачете,“ — зашто сиот народ плачеше, слушајќи ги зборовите на законот.
10
И им рече: „Одете, јадете добри јадења и пијте добри пијалаци, и испратете им и на оние што немаат приготвено, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Не тажете, зашто радоста пред Господ е поткрепа за вас.“
11
И левитите го утешуваа сиот народ, велејќи: „Престанете, зашто овој ден е свет, не тажете.“
12
И појде сиот народ да јаде и да пие и да дели и на оние што немаа и да празнува со голема радост, зашто ги разбраа зборовите што им ги кажаа.
13
На другиот ден се собраа старешините на родовите од сиот народ, свештениците и левитите кај книжникот Ездра, за да им ги објасни зборовите на законот.
14
И го најдоа напишаното во законот што Господ го беше дал преку Мојсеј дека на празникот во седмиот месец синовите Израелови треба да живеат во колиби.
15
Затоа објавија и разгласија по сите свои градови и во Ерусалим, велејќи: „Одете во гората и донесете вејки од питома маслина, вејки од дива маслина, вејки миртови, вејки палмови и вејки од други широколисни дрвја за да направите колиби според запишаното.“
16
Отиде народот и донесоа, та си направија колиби, секој на покривот свој и во дворовите свои, и во дворовите на Божјиот дом, и на плоштадот кај Водните Порти, и на плоштадот кај Ефремовите Порти.
17
Целата заедница на оние, што се беа вратиле од пленство, направи колиби и живееја во колиби. Од дните на Исус, синот Навинов, та до тој ден не беа правеле така синовите Израелови. Радоста беше многу голема.
18
И читаа од книгата на законот Божји секој ден, од првиот ден до последниот. И го празнуваа празникот седум дена, а на осмиот ден — се одржа собор според уредбата.
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 9 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13