bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Romans 4
Romans 4
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 5 →
1
А што би можеле да кажеме дека добил нашиот прататко по тело Авраам?
2
Зашто ако Авраам се оправдал со дела, тој заслужува пофалба, но не пред Бога.
3
Впрочем што вели Писмото? — „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.“
4
На оној што работи, платата му следува не по милост, туку по долг.
5
Напротив, оному, кој не работи, а верува во Оној Кој го оправдува безбожникот, верата му се смета за праведност.
6
Така и Давид го нарекува блажен оној човек, кому Бог му смета за праведност независно од делата, велејќи:
7
„Блажени се оние чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени;
8
блажен е оној човек кому Бог нема да му смета за грев!“
9
А дали ова блаженство се однесува само за обрезаните или и за необрезаните? Бидејќи велиме дека на Авраам верата му се сметаше за праведност.
10
Кога му се сметаше? По обрезанието или пред обрезанието? Не по обрезанието, туку пред обрезанието.
11
И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведност што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се смета за праведност,
12
и да им биде татко на обрезаните, но не на оние кои обрезанието само го примиле, туку кои врват и по стапките на верата од нашиот татко Авраам, пред обрезанието.
13
Впрочем ветувањето кон Авраам или кон семето негово — дека ќе биде наследник на светот — беше дадено не преку Законот, туку преку праведноста на верата.
14
Зашто ако можат да бидат наследници само оние што имаат Закон, тогаш и верата нема никакво значење, и ветувањето е поништено;
15
зашто Законот породува гнев; каде што, пак, нема Закон, нема ни престап.
16
Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздравено не само по Законот, туку и по верата за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нас,
17
според напишаното: „Те поставив да бидеш татко на многу народи“ — пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и го повикува да суштествува, она што не суштествува.
18
Авраам, без никаква основа за надеж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според реченото: „Такво ќе биде твоето потомство.“
19
И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна;
20
и во ветувањето Божјо не се посомнева со неверие, туку остана со цврста вера и Го прослави Бога,
21
наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил.
22
Затоа тоа му се сметаше за праведност.
23
Но, не само за него е напишано дека му се сметаше,
24
туку и за нас: ќе ни се смета, ако веруваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исус Христос, нашиот Господ,
25
предаден за нашите гревови и воскреснат за наше оправдание.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16