bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Ruth 3
Ruth 3
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 4 →
1
Ноемина, нејзината свекрва, ѝ рече: „Ќерко моја, ајде да ти побарам спокојно место за да ти биде подобро.
2
Ете, Вооз, со чии слугинки беше ти, е наш роднина, оваа ноќ тој го вее јачменот на гумното;
3
затоа измиј се, намачкај се, промени се и оди на гумното, но не му се покажувај додека не заврши со јадењето и пиењето;
4
а кога ќе легне да спие, дознај го местото, каде ќе легне; тогаш оди, откриј го откај нозете негови и легни; тој ќе ти каже што да правиш.“
5
Рута ѝ рече: „Ќе направам сѐ, како што ми кажа.“
6
И отиде на гумното и направи сѐ онака, како што ѝ порача свекрвата нејзина.
7
Вооз се најаде и се напи, и го развесели срцето свое, и отиде, па легна да спие до стогот. И таа отиде полека, го откри откај нозете негови и легна.
8
На полноќ тој се тргна, се обѕрна, и еве покрај нозете негови лежи жена.
9
И тој рече: „Која си ти?“ Таа одговори: „Јас сум Рута, твоја робинка, рашири го крилото од својата наметка над својата робинка, зашто си ми близок роднина.“
10
Вооз ѝ рече: „Благословена да си од Господ, ќерко! Овој твој чин на милосрдие е подобар од првиот, зашто не отиде да бараш момци, бедни или богати;
11
затоа не плаши се, ќерко! Јас ќе направам за тебе сѐ, што кажа ти; зашто на секоја порта кај мојот народ знаат дека ти си чесна жена;
12
иако е точно дека сум ти роднина, но има друг роднина, поблизок од мене.
13
Остани оваа ноќ; а утре, ако тој те земе, добро, нека те земе, ако, пак, не те земе, јас ќе те земам; се колнам во живиот Господ! Спиј до утре!“
14
И преспа таа покрај нозете негови до утрината и стана, пред да можат да се распознаат еден со друг, зашто Вооз рече: „Да не се знае дека доаѓала жена на гумното.“
15
И ѝ рече: „Дај ја наметката што е на тебе, подржи ја.“ Таа ја држеше, и тој ѝ измери шест мери јачмен, ја натовари и си отиде во градот.
16
А Рута дојде кај свекрва ѝ. Таа ја запраша: „Што направи, ќерко?“ Таа ѝ раскажа сѐ, што беше направил оној човек за неа.
17
Таа рече: „Тој ми ги даде овие шест мери јачмен и ми рече: ‚Не оди со празни раце кај свекрвата своја!‘“
18
Таа ѝ рече: „Почекај, ќерко, додека да дознаеш, како ќе се сврши работата; зашто тој човек нема да се успокои додека не ја сврши денес таа работа.“
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4