bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Titus 1
Titus 1
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
1
Павле, слуга Божји и апостол на Исус Христос за верата на Божјите избраници и за спознавање на вистината по побожноста,
2
со надеж за вечниот живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже,
3
во свое време го јави словото Свое преку пораката што ми ја довери мене по заповед на нашиот Спасител, Бог,
4
до Тит, моето вистинско чедо по заедничката вера. Благодат, милост и мир од Бог Отецот и од Господ Исус Христос, нашиот Спасител!
5
Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите градови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал:
6
ако е некој непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност.
7
Бидејќи епископот, како Божји распоредник, не треба да е порочен, ни гневлив, ни пијаница, ни тепач, ни лаком за гнасна печалба,
8
туку гостољубив, доброљубив, трезвен, справедлив, свет, воздржлив;
9
кој се придржува до вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги побива оние кои се противат.
10
Зашто има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните,
11
на кои треба да им се затвори устата: тие растураат цели домови, учејќи на она што не треба, поради одвратна печалба.
12
Еден од нив, нивни пророк, беше рекол: „Критјаните се секогаш лажливци, зли ѕверови, мрзливи мешишта.“
13
Тоа сведоштво е вистинско. Поради таа причина укори ги строго за да бидат здрави во верата,
14
и да не слушаат јудејски бајки и заповеди од луѓе, кои одвраќаат од вистината.
15
За чистите е сѐ чисто, а за осквернетите и неверните нема ништо чисто; напротив, ним им се осквернети и умот и совеста:
16
тие зборуваат дека Го познаваат Бога, а со делата свои Го одречуваат, бидејќи се одвратни, непокорни и неспособни за никакво добро дело.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3