bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
2 Thessalonians 2
2 Thessalonians 2
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
1
А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање при Него, ве молиме, браќа,
2
да не се поколебате лесно во својот ум, ниту да ве обзема ужас, било од дух, било од збор или од послание, небаре испратено од нас, дека божем веќе настапил Христовиот ден.
3
Никој да не ве измами на никаков начин; зашто оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие човекот на гревот, синот на погибелта,
4
кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за самиот да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себеси како Бог.
5
Зар не помните дека уште кога бев кај вас ви зборував за тоа?
6
Сега знаете што го задржува да се открие во своето време.
7
Тајната на беззаконието веќе дејствува, само тоа нема да биде извршено додека не се оттргне оној што сега ја задржува;
8
тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого Господ ќе го убие со здивот на Својата уста и ќе го истреби со појавата на Своето доаѓање.
9
Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чуда,
10
и со секакво неправедно измамување меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта кон вистината, та да се спасат.
11
И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда, за да ѝ поверуваат на лагата,
12
та да бидат осудени сите кои не ѝ поверуваа на вистината, туку ја засакаа неправдата.
13
А ние сме должни секогаш да Му благодариме на Бога за вас, возљубени од Господ браќа, затоа што Бог од почетокот ве избра за спасение, преку осветувањето од Духот и преку верата во вистината,
14
кон кое ве повика преку нашето благовестие за да ја придобиете славата на нашиот Господ Исус Христос.
15
И така, браќа, стојте цврсто и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание.
16
А Самиот наш Господ Исус Христос и нашиот Бог и Отец, Кој нѐ возљуби и преку Својата благодат ни даде вечна утеха и добра надеж во благодатта,
17
нека ги утеши вашите срца и нека ве утврди во секое добро дело и слово!
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3