bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
2 Timothy 2
2 Timothy 2
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
1
Ти, пак, чедо мое, зајакнувај во благодатта која е во Христос Исус,
2
и она што си го чул од мене пред многу сведоци, тоа предај им го на верни луѓе кои се способни и други да научат.
3
Па така, поднесувај ги страдањата како добар војник на Исус Христос.
4
Никој кој служи како војник не се вплеткува во работите на секојдневниот живот, и тоа го прави за да му угоди на својот војсководач.
5
Но дури и некој да се натпреварува, нема да добие венец доколку не се натпреварувал според правилата.
6
Земјоделецот што се труди прв треба да вкуси од плодот.
7
Размисли за ова што ти го зборувам и Господ ќе ти даде да разбереш сѐ!
8
Спомнувај си Го Исус Христос од Давидовото потомство, Кој воскресна од мртвите, според моето благовестие,
9
за кое страдам дури до окови, како злосторник. Но словото Божјо не може да се стави во окови.
10
Затоа сѐ трпам заради избраните, за да го добијат и тие спасението во Христос Исус, заедно со вечната слава.
11
Верно е словото: Ако со Него сме умреле, со Него и ќе живееме.
12
Ако истраеме, со Него и ќе царуваме. А ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас.
13
Ако сме неверни, Тој останува верен, бидејќи Сам Себеси не може да се одрече.
14
Ова напомнувај им го, заколнувајќи ги пред Господ да не се препираат, зашто од тоа нема никаква полза, туку само штета за оние што слушаат.
15
Погрижи се да се покажеш достоен на Бога, работник кој нема од што да се срами кога правилно раководи со словото на вистината.
16
А оттргнувај се од нечисти и празни разговори, зашто тие ги водат луѓето кон уште поголема безбожност,
17
и словото на таквите ќе се распространува како жива рана. Такви се Именеј и Филит,
18
кои застранија од вистината, говорејќи дека воскресението веќе се збиднало, и со тоа на некои им ја разрушуваат верата.
19
Но Божјиот цврст темел стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара Господовото име!“
20
Во голем дом нема само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глинени; и едните се за чесна употреба, а другите за вообичаена.
21
И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за чест, осветен, корисен на господарот и приготвен за секое добро дело.
22
Одбегнувај ги младешките похоти и стреми се кон праведност, вера, љубов, мир со оние што Го повикуваат Господа од чисто срце!
23
Оттргнувај се од глупави и празни расправии, зашто знаеш дека тие раѓаат кавги!
24
А Господовиот слуга не треба да се расправа; туку да биде кроток кон сите, способен да поучува, да поднесува зло,
25
со кротост да ги превоспитува противниците, та Бог некако да им даде покајание, за да ја познаат вистината,
26
и да се ослободат од стапицата на ѓаволот кој ги уловил за да ја исполнуваат неговата волја.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4