bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Philemon 1
Philemon 1
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Jump to:
Chapter 1
1
Павле, затвореник за Исус Христос, и братот Тимотеј, до нашиот возљубен сотрудник Филимон
2
и до возљубената Апфија, и до Архип, нашиот соборец, и до твојата домашна црква.
3
Благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!
4
Му благодарам на мојот Бог, спомнувајќи те секогаш во своите молитви,
5
бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш кон Господ Исус и кон сите светии.
6
Учеството на твојата вера нека се покаже делотворно во познанието на секое добро што е во нас во Христос Исус.
7
Зашто твојата љубов ни причинува голема радост и утеха, бидејќи преку тебе, брате, се успокоија срцата на светиите.
8
Затоа, иако имам во Христос голема смелост да ти заповедам што треба да правиш,
9
сепак, од љубов кон тебе, те молам. Да, јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник за Исус Христос,
10
те молам за моето чедо Онисим, што го родив во своите окови:
11
тој некогаш ти беше непотребен, а сега ни е потребен и тебе и мене, па ти го праќам назад,
12
а ти прими го како да е моето срце.
13
Јас сакав да го задржам со мене, за да ми служи место тебе во оковите што ги носам за благовестието.
14
Но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за твојата добрина да не биде како од принуда, туку доброволна.
15
Зашто тој можеби затоа накратко се одвои од тебе, за да го придобиеш засекогаш,
16
веќе не како роб, туку како повеќе од роб, како возљубен брат, особено за мене, и уште повеќе за тебе – и по тело, и во Господа.
17
И така, ако ме сметаш за содружник, прими го како да си ме примил мене.
18
Ако, пак, во нешто ти згрешил, или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка.
19
Јас, Павле, своерачно потпишувам: јас ќе платам, за да не ти речам дека ти и за самиот себе си ми должен.
20
Да, брате, би сакал да видам од тебе полза во Господа; успокој го моето срце во Господа.
21
Убеден во твојата послушност, ти пишувам, знаејќи дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам.
22
А воедно приготви ми и сместување, зашто се надевам дека преку вашите молитви ќе ви бидам даруван.
23
Те поздравува Епафрас, кој е со мене затвореник за Христос Исус,
24
како и моите сотрудници Марко, Аристарх, Димас и Лука.
25
Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вашиот дух. Амин!
Jump to:
Chapter 1
All chapters:
1