bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
1 Kings 4
1 Kings 4
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 5 →
1
Царот Соломон беше цар над сиот Израел,
2
а еве ги неговите првенци: Азариј, синот Садоков, свештеник;
3
Елиореф и Ахиј, синовите Сисини, летописци; Јосафат, синот Ахилудов, советник;
4
Венаја, синот Јодаев, војсководач; Садок и Авијатар, свештеници;
5
Азариј, синот Натанов, беше над намесниците; Завуд, синот Натанов, царев пријател;
6
Ахисар, управител на дворецот; Елијав, синот Јоевов, заповедник на војската; Адонирам, синот Авдин, настојник над трудбениците.
7
Соломон имаше по сиот Израел дванаесет намесници, кои што ги снабдуваа царот и неговиот дом; секому му доаѓаше ред по еден месец во годината да го подмирува тоа издржување.
8
Еве ги нивните имиња: синот Уров во Ефремовата Гора;
9
синот Декеров во Макаса, во Салвим, во Вет Семес, во Елон до Вет Ханан;
10
синот Еседов, во Арувот; под него беше Сохо и сиот Еферски крај;
11
синот Авинадавов, над сето Дорско Окружје; жена му беше Тафе, Соломонова ќерка,
12
Вана, синот Ахилудов, во Тенахом и во Мегидон, и во сиот Вет Сан, што е покрај Сартана подолу од Езраел, од Вет Сана до Авел Меол, и до преку Јокмеам.
13
синот Геверов во Галадскиот Рамот; негови беа селата на Јаир, синот Манасиев, што се во Галад; го имаше и подрачјето Аргов што лежи во Васан, шеесет тврди градови, опашани со ѕидови и со бронзени лостови;
14
Ахинадав, синот Идов, во Маханаим;
15
Ахимас во Нефталим; и тој се ожени со една Соломонова ќерка - со Васемата.
16
Ванес, синот Хусаев, во Асир и на висорамнините;
17
Јосафат, синот Фаруин, во Исахар;
18
Симеј, синот Илин, во Венијамин;
19
Гевер, синот Уриев во земјата Галад, земјата на Сион, аморејскиот цар, и на Ог, васанскиот цар. Освен тоа беше уште еден намесник во земјата.
20
Јуда и Израел беа многубројни, беа како песок на морскиот брег. Јадеа и пиеја и беа среќни.
21
Соломон ја прошири својата власт над сите царства од Реката сè до Филистејската Земја и до египетската меѓа. Тие го донесуваа својот данок и му служеа на Соломона во сите денови на неговиот живот.
22
Секој ден му требаше на Соломона за храна: триесет кори чисто брашно и шеесет кори обично брашно,
23
десет згоени волови, дваесет волови од пасиште, стотина овци, освен елени, срни, диви кози и згоена живина.
24
Зашто тој владееше над сè одваму Реката - од Тафсе до Газа, над сите цареви отаде Реката (Еуфрат) и имаше мир на сите граници наоколу.
25
Јуда и сиот Израел живееја без страв, секој под својата лоза и под својата смоква, од Дан до Вирсавеа, во текот на сиот Соломонов век.
26
Соломон имаше четириесет илјади коњи за влечење и дванаесет илјади за јавање.
27
Тие намесници се грижеа за снабдување на царот Соломон и на сите што имаа дел на царскиот стол, секој по месец дена; и не дозволуваше ништо да подснема.
28
И јачмен и слама за коњите и за влечниот добиток донесуваа на местото каде што се задржуваше, секој како што ќе му паднеше.
29
Господ му даде на Соломона мудрост и исклучителна разумност, и срце широко како песок на морскиот брег.
30
Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите Израелеви синови и од сета мудрост на Египет.
31
Беше помудар од сите луѓе, од Етан Езраит, од Еман, од Халкол и од Дарда, синовите Меолови; името му се расчу меѓу сите народи наоколу.
32
Изрече три илјади мудри изреки, а неговите песни беа илјада и пет.
33
Зборуваше за дрвата: од кедерот што е на Ливан па до ленот што ‘ртее на ѕид; расправаше за животните, за птиците, за лазачите и за рибите.
34
Доаѓаа од сите народи за да ја чујат Соломоновата мудрост, од сите земски цареви, кои што го чуја гласот за неговата мудрост.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22