bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
1 Samuel 1
1 Samuel 1
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 2 →
1
Беше еден човек од Раматаим, Софимец од Ефремовата Гора, по име Елкан, син Јероамов, син Еливов, син Товин, син Суфов, Ефратец.
2
Имаше две жени: името на едната и беше Ана, а на другата името и беше Фенина. Фенина имаше деца, а Ана немаше.
3
Тој човек се искачуваше секоја година од својот град за да Му принесе жртва на Господа на Силите во Сило. Таму беа двајцата Илиеви синови, Офниј и Финес, како Господови свештеници.
4
Еден ден Елкан принесе жртва. Тој обично им даваше на својата жена Фенина и на сите нејзини синови и ќерки жртвени делови,
5
а на Ана и даваше повеќе еден дел, зашто повеќе ја љубеше Ана, ама Господ и ја беше затворил утробата.
6
Покрај тоа нејзината соперница ја натажуваше, за да ја понижи зашто Господ и ја беше затворил утробата.
7
Така беше секоја година кога би поаѓале во Господовиот Дом: Фенина ја дразнеше. Затоа Ана плачеше и не сакаше да јаде.
8
Тогаш и рече Елкан, нејзиниот маж: „Зошто плачеш Ана? И зошто не јадеш? Зошто ти е тажно срцето? Не сум ли ти јас повреден од десет синови?”
9
Ама Ана стана, откако јадеа и пиеја во Сило, и стапи пред Господа - а свештеникот Илија седеше на столица на прагот на Господовиот Храм.
10
И јадосана во душата Ана Му се помоли на Господа, плачејќи горко.
11
И се заветува вака: „Господи над Воинствата! Ако погледнеш на неволјата на својата слугинка, и си спомниш за мене, и не ја заборавиш својата слугинка та и дадеш на својата слугинка машко дете, јас ќе Му го подарам на Господа за сите денови на неговиот живот, и брич нема да помине преку неговата глава.”
12
Така таа се молеше долго пред Господа, а Илија ги набљудуваше нејзините усни.
13
Ана зборуваше во срцето; само се помрднуваа нејзините усни, а гласот не и се слушаше. Затоа Илија помисли дека е пијана.
14
И Илија и рече: „До кога ќе бидеш пијана? Отрезни се од виното што е во тебе!”
15
Но Ана одговори и рече: „Не сум пијана, господару, туку сум голема несреќница. Не сум пила ни вино ни опоен пијалак, туку ја излевам својата душа пред Господа.
16
Не суди ја својата слугинка како недобра жена, зашто заради тешка тага и жалост се молев толку долго.”
17
Тогаш Илија и одговори вака: „Оди си во мир! А Израелевиот Бог нека ти ја исполни молитвата со која Го молеше.”
18
А таа рече: „Нека твојата слугинка најде милост во твоите очи!” И жената си отиде по својот пат: јадеше, и лицето не и беше веќе тажно како порано.
19
Утрината поранија и Му се поклонија на Господа, а тогаш се вратија и дојдоа во својата куќа во Рама. Елкан ја позна Ана, својата жена, а Господ си спомни за неа.
20
Ана забремени и, кога и беше времето, роди син, кого го нарече со името Самоил, „зашто,” рече, „го измолив од Господа.”
21
По една година се искачи нејзиниот маж Елкан со сиот свој дом, за да Му ја принесе на Господа годишната жртва и за да го изврши заветот.
22
Ама Ана не тргна со него, зашто му рече на својот маж: „Не ќе тргнам додека детето не се одбие од градите, а тогаш ќе го одведам да се покаже пред Господа и да остане таму засекогаш.”
23
И и одговори Елкан, нејзиниот маж: „Прави како што мислиш дека е добро; остани додека не го одбиеш од градите; само Господ нека ти ја исполни твојата желба!” И жената остана дома доејќи го својот син, додека не го одби од градите.
24
Штом го одби од градите, го поведе со себе, земајќи покрај тоа тригодишен јунец, ефа брашно и мев со вино; и го воведе во Господовиот Дом, во Сило. А детенцето беше уште многу младо.
25
Тогаш го заклаа јунецот, а мајката на детето му пристапи на Илија.
26
И Ана рече: „Дозволете, господару! Жив ти твојот живот, господару, јас сум онаа жена која стоеше тука крај тебе молејќи Му се на Господа.
27
Молев за ова дете, и Господ ја послуша мојата молитва, со која го просев.
28
Затоа и јас Му го отстапувам него на Господа за сите дни на неговиот живот: та измолен е од Господа.” И му се поклонија таму на Господа.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31