bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
2 Thessalonians 2
2 Thessalonians 2
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
1
Ве молиме, браќа, во однос на доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и за нашето собирање заедно при Него,
2
не дозволувајте брзо да се поколебате во разумноста, ниту да се исплашите ни од дух, ни од слово, ни од послание, како да е од нас испратено, како веќе да настапил Господовиот Ден!
3
Никој да не ве измами ниту по каков начин, зашто тоа не ќе се случи додека првин не дојде отпаѓањето и не се појави човекот на беззаконието, синот на погибелта,
4
кој се противи и се воздига над сè што се наречува Бог или светина, така што ќе седне во Божјиот храм и ќе се претставува себеси дека тој е Бог.
5
Не помните ли дека ви го зборував ова уште кога бев кај вас?
6
И сега знаете што го задржува за да се појави тој допрва во свое време.
7
Зашто, тајната на беззаконието веќе дејствува, само да се отстрани од средината оној, кој сега ја задржува
8
и тогаш ќе се јави беззаконикот кого Господ ќе го убие со здивот на Својата уста и ќе го уништи со појавата на Своето доаѓање.
9
Тоа е оној, чие доаѓање е според сатанското дејствување, со секаква сила, и со чудесни знаци и со лажни чуда,
10
и со секаква неправедна измама, за оние кои загинуваат, зашто не ја примија љубовта кон вистината за да се спасат.
11
И затоа Бог ќе им испрати заблудна дејност за да и веруваат на лагата,
12
та да бидат осудени сите, кои не поверуваа на вистината, а имаа задоволство во неправдата.
13
А ние сме должни секогаш да Му благодариме на Бога за вас, браќа, од Господ возљубени, зашто Бог ве избра од почеток за спасение, преку осветувањето на Духот и вера во вистината,
14
на кое ве призва преку нашето Евангелие, за да ја добиете славата на нашиот Господ Исус Христос.
15
Тогаш, браќа, стојте цврсто и држете ги преданијата што ги научивте од нас, било преку слово или преку наше послание.
16
А Самиот Господ наш Исус Христос и Бог нашиот Татко, Кој нè возљуби нас и ни даде вечна утеха и добра надеж по благодатта
17
да ги утеши вашите срца и да ве утврди во секое добро дело и слово!
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3