bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Colossians 2
Colossians 2
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
1
Имено, сакам да знаете колкава борба имам за вас, и за оние во Лаодикија, и за сите кои што не ме виделе лично,
2
за да се утешат нивните срца и соединети во љубовта да дојдат до сето богатство на полната уверност на разбирањето, до познавањето на тајната на Бога, и на Христа,
3
во Кого се сокриени сите богатства на мудроста и на знаењето.
4
А ова го велам за да не ве измами некој со убедувачки зборови.
5
Зашто, иако сум отсутен во телото, во духот сум со вас; и се радувам гледајќи ги вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христа.
6
И така, како што Го примивте Христа Исуса, Господа, така и да одете во Него:
7
вкоренети и надѕидани во Него и зацврстени во верата, како што сте поучени, изобилувајќи во благодарноста.
8
Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа.
9
Зашто во Него живее сета полнота на Божеството,
10
и вие сте исполнети во Него, Кој е Глава на секое началство и власт.
11
Во Него сте и обрезани со неракотворно обрезание, со соблекување на гревовното тело, по обрезанието на Христа:
12
откако бевте погребани со Него во крштение, во кое и воскреснавте со Него преку верата во дејството на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.
13
Вас, кои бевте мртви во престапите и необрезанието на вашето тело, ве оживе заедно со Него; простувајќи ни ги сите наши престапи;
14
на тој начин што го избриша дејството, кое со своите одредби беше против нас; го отстрани од среде нас, приковувајќи го на крст;
15
и ги разоружа началствата и властите и јавно ги изложи, победувајќи над нив во тоа.
16
И така, никој да не ве осудува за јадење, или за пиење, или за некаков празник, или за млада месечина, или за саботи.
17
Тоа е само сенка на она што ќе дојде, а стварноста е Христос.
18
Никој да не ве лишува од наградата, сакајќи да го постигне тоа со понизност и служба на ангелите, впуштајќи се во она, што не го видел, дуејќи се напразно со својот телесен ум,
19
а не се држи за Главата, од Која целото Тело, поврзано и помогнато со зглобовите и врските, расте со растење, кое го дава Бог.
20
И така, ако сте умреле со Христос, за стихиите на светот, зошто позволувате да ви се определуваат прописи, како да живеете во светов:
21
”Не фаќај! Не вкусувај! Не допирај!”
22
Сè ова што пропаѓа со употреба - според човечките заповеди и учења;
23
сè ова изгледа мудрост, што се состои во самоволна побожност и понизност и во непоштедна строгост кон телото, а не во нешто чесно, туку само заради задоволување на телото.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4