bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Ecclesiastes 12
Ecclesiastes 12
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
1
Испомнувај си за својот Создател во деновите на својата младост, пред да дојдат лоши денови и пред да пристигнат годините, кога ќе речеш: „Не ми се милеат.”
2
Пред да се помрачат сонцето и светлината, месечината и ѕвездите, и да се вратат облаците по дождот.
3
Во денот кога затреперуваат чуварите на куќите и се наведнуваат јунаците, и се здодеваат мелничарките, зашто се премалку, и се помрачуваат оние кои гледаат низ прозорците;
4
кога се затвораат уличните врати, ослабува шумот на мелницата, кога стивнува пеењето на птиците и замруваат звуците на песната.
5
Кога патот надолу е мака, и секое излегување закана; а бадемот е во цутење, и скакулецот не скока веќе, и бадемовиот плод пука, зашто човекот си оди во својот вечен дом! А тажачките веќе се движат по улиците.
6
Пред да се скине сребрената врвца и се скрши златната светилка и се распарчи врчвата на изворот и се разбие тркалото над бунарот;
7
и се врати правот во земјата како што дојде од неа; а духот се врати при Бога, Кој го даде.
8
„Суета над суетите,” вели Проповедникот, „сè е суета.”
9
А освен тоа, зашто самиот Проповедник беше мудар, тој и народот го учеше на мудрост, па измери, проучи и состави многу мудри изреки.
10
Воедно Проповедникот се трудеше да најде прикладни зборови и да ја изрази направо вистината.
11
Беседите на мудрите луѓе се како остени и како закачени колци: пастирот се служи со нив за доброто на своето стадо.
12
И на крај, сине мој, знај дека е потребно неизмерливо многу труд за да се напише книга, и дека многу учење го уморува телото.
13
Да го чуеме завршниот збор за сè: „Бој се од Бога, исполнувај ги Неговите заповеди, зашто во тоа е сè за човекот.”
14
Зашто сите скриени дела, било добри или зли, Бог ќе ги изведе на суд.
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12