bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Esther 4
Esther 4
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 5 →
1
Мардохеј научи за сè што се случи: ја раскина облеката врзсебе, облече вреќишта, се посипа со пепел и помина сред градот тажејќи гласно и горко.
2
Дојде само до царевата врата, зашто со она вреќиште врз себе не можеше да помине низ неа.
3
Во секоја покраина, секаде каде ќе се научеше за царевиот збор и за неговиот проглас, жалоста завладуваше меѓу Евреите: постеа плачеа и ридаа. На мнозина од нив вреќиштето и пепелта им стана легло.
4
Естирините девојки и нејзините скопеници дојдоа да ја известат за тоа. Царицата се вознемири многу. Му испрати облека на Мардохеј за да ја облече, а да го соблече вреќиштето од себе, ама тој одби.
5
Тогаш Естира го повика Атаха, еден од царевите скопеници, кој и беше одреден на служба, па го испрати кај Мардохеј за да научи од него што се случило и зошто е таков.
6
Атах отиде до Мардохеја на градскиот плоштад, пред царевата врата.
7
Мардохеј му раскажа што му се случило и подробно го извести за сребрениците што Аман ветил да ги вложи во царевата благајна, за да би можел да ги уништи Евреите.
8
Му го даде и преписот од наредбата за нивното погубување, која беше објавена во Шуша, за да и ја покаже на Естира, та да и јави да и наложи да отиде кај царот: нека го моли за милост и нека посредува кај него за својот народ.
9
Атах се врати и ја донесе на Естира Мардохеевата порака.
10
Естира му одговори на Атах и му нареди да му соопшти на Мардохеј:
11
„Сите цареви службеници и народот на царевите покраини знаат дека секој оној било да е тој маж или жена, кој ќе влезе неповикан кај царот во внатрешното предворје, го чека само еден закон: смртна казна, освен ако царот не го испружи кон таквиот својот златен жезол и му го поштеди животот. А јас веќе триесет дена не сум била повикана кај царот.”
12
На Мардохеја, му беа соопштени Естерините зборови,
13
па тој и порача на Естира: „Не мисли дека ќе се спасиш, затоа што се наоѓаш во царскиот дворец, единствено само ти од сите Евреи:
14
зошто ако молчиш во оваа прилика, на Евреите ќе им стигне помош и спасение од друга страна, а ти ќе пропаднеш со куќата и својот татко. Кој знае дали токму и не си се искачила до царската чест заради часот каков што е овој?”
15
Естира пак му порача на Мардохеја:
16
„Ајде собери ги сите Евреи, кои со наоѓаат во Шуша. Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постам така со своите девојки. Така подготвена ќе влезам кај царот, иако е спротивно на законот, па ако треба да загинам ќе загинам.”
17
Тогаш Мардохеј се повлече и направи како што му нареди Естира.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10