bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Haggai 1
Haggai 1
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 2 →
1
Во втората година на царот Дариј, во шестиот месец, во првиот ден на месецот, Господовото слово дојде преку пророкот Агеј на Зоровавел, синот Салатилов, јудејски управител, и на Исуса, синот Јоседеков, врховен свештеник:
2
„Вака зборува Господ над Воинствата: ‘Овој народ зборува: „Уште не е дојдено времето за да се изгради пак Господовиот Дом!”‘“
3
Затоа дојде Господовото слово преку пророкот Агеј:
4
„А вам ви е време да живеете во покриени куќи, додека овој Дом е разурнат.”
5
Затоа, Господ над Војските сега зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта!
6
Сеете многу, собирате малку; јадете, а не сте сити; пиете, а не можете да се напоите, се облекувате, а не ви е топло. Трудбеникот ја заработува платата, а ја става во скината кожена торбичка за стрели!”
7
Господ над Воинствата зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта!
8
Отидете во гората, донесете дрва, и подигнете го пак Домот; тоа ќе Ми биде мило, и ќе се прославам - зборува Господ.
9
Се надевавте на изобилство, а ете, малку е; што ќе донесете дома Јас ќе го дувнам. А зошто? - говори Господ, над Војските. Затоа што Мојот Дом е разурнат, додека секој од вас се грижи за својот дом.
10
Затоа небото се заклучи и не дава роса, а земјата не ги подава своите производи.
11
Јас ја повикав сушата на земјата и по горите, на житото и на виното, на маслото и на сè што раѓа земјата, на луѓето и на добитокот, и на секој со мака добиен плод.”
12
А Зоровавел, синот Салатилов и Исус, синот Јоседеков, врховен свештеник, и сиот останат народ ги послушаа гласот на Господа својот Бог, и зборовите на пророкот Агеј, како посланик на Бога: и народот се исплаши од Господа.
13
Тогаш Агеј, Господов гласник пратен од Господа, му рече на народот: „Јас Сум со вас” - говори Господ. -
14
Господ го разбуди духот на Зоровавел, синот Салатилов јудејски управител, и духот на Исуса, синот Јоседеков, врховен свештеник и духот на сиот останат народ, та тие дојдоа и се зафатија со работа во Домот на Господа над Воинствата, својот Бог.
15
Тоа беше во дваесет и четвртиот ден на шестиот месец, во втората година на царот Дариј.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 2 →
All chapters:
1
2