bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
James 2
James 2
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
1
Браќа мои, имајте вера во нашиот славен Господ Исус Христос, не гледајќи кој е кој!
2
Зашто ако на вашето собрание дојде човек со златен прстен и со светла облека, а влезе и сиромав во бедна облека,
3
па погледате во оној, во светлата облека, и му речете: „Ти седни тука убаво!” а на сиромашниот му речете: „Ти стој таму!” или „Седни до моето подножје.”
4
Не правите ли разлики помеѓу себе и така станавте судии со лоши помисли?”
5
Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог оние, кои се сиромаси пред светот, за да бидат богати во вера и наследници на Царството, кое им го ветил на оние, кои Го љубат?
6
А вие го презревте сиромавиот! Не се ли богатите тие, кои ве угнетуваат и ве влечат по судилиштата?
7
Не го хулат ли тие доброто име со кое сте наречени?
8
Ако пак го исполнувате царскиот закон според Писмото: „Љуби го својот ближен како самиот себе!”- добро правите.
9
Но ако гледате на лице, правите грев, и законот ве осудува како престапници.
10
Зашто кој го пази целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за сè.
11
Зашто Оној Кој рекол: „Не прави прељуба!” рекол и: „Не убивај!” Ако не направиш прељуба, а убиеш, стануваш престапник на законот.
12
Така зборувајте и така постапувајте како луѓе, кои ќе бидат судени по законот на слободата.
13
Зашто судот нема милост кон оној, кој не покажувал милост. Милоста слави победа над судот.
14
Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли верата да го спаси?
15
Ако некој брат или сестра се голи и без секојдневната храна,
16
па некој од вас им рече: „Одете си во мир, стоплете се и наситете се!” а не им даде она, што им е потребно за телото, каква е ползата?
17
Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе.
18
Но ако некој рече: ти имаш вера, а јас имам дела. Покажи ми ја својата вера без дела, а јас ќе ти ја покажам верата од моите дела.
19
Ти веруваш дека има само еден Бог. Добро правиш; и бесовите веруваат и треперат.
20
Сакаш ли пак да сознаеш, суетни човеку, дека верата без дела е мртва?
21
Нашиот татко Авраам не беше ли оправдан од делата, кога го принесе на жртвеникот својот син Исак?
22
Гледаш дека верата соработуваше со неговите дела, и дека верата преку делата стигна до совршенството.
23
И така се исполни Писмото, кое вели: „Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се засмета за правда, и се нарече Божји пријател.”
24
Гледате дека човекот се оправдува преку дела, а не само преку вера.
25
Исто така и блудницата Раав не се оправда ли преку дела, кога ги прими согледувачите и кога ги испрати по друг пат?
26
Имено, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5