bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Joel 1
Joel 1
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
1
Словото Господово дојде до Јоила, синот Фатуилов.
2
Чујте го ова, старци, послушајте, сите жители на земјата! Дали некогаш било нешто вакво во вашите денови или во деновите на вашите татковци?
3
Речете им го ова на вашите синови, вашите синови на своите синови, а нивните синови на идното колено.
4
Што остави гасеницата, го изеде скакулецот, што остави скакулецот, го изеде црвецот, што остави црвецот, го дојаде бубачката.
5
Разбудете се, пијаници, и плачете! Сите винопијачи, тажете по ново вино: зашто ви е земено од устата.
6
Зашто мојата земја ја прекри силен и безброен народ; забите му се како лавски заби, катниците како во лавица.
7
Ми ја запусти виновата лоза и ги искрши моите смокви, ги олупи и ги расфрла, гранките им побелеа.
8
Плачете како девици облечени во вреќиште по својот вереник.
9
Ги снема лебните приноси и налевницата од Господовиот Дом. Тажат свештениците, Господовите слуги.
10
Полето е запустено, земјата е ограбена. Житото е ограбено, виното пропадна, маслото пресуши.
11
Засрамете се, земјоделци, плачете лозари, за пченицата и за јачменот, зашто пропадна полската жетва.
12
Лозата се исуши, смоквата овена, калинката, палмата и јаболкниците: секое полско дрво се исуши. Затоа радоста ја снема меѓу човечките синови.
13
Свештеници, препашете вреќиште и плачете! Службеници на жртвеникот, тажете! Дојдете, преноќевајте во вреќиште, служители на мојот Бог! Зашто од Домот на нашиот Бог ги снема лебниот принос и налевницата!
14
Одредете осветен пост, прогласете свечен собир; старешини, соберете ги, сите жители на земјата во куќата на Господа, вашиот Бог. Извикајте кон Господа:
15
О каков ден! Зашто Господовиот ден е близу и доаѓа како гибел од Сèвишниот.
16
Не исчезна ли храната пред нашите очи? Нели ги снема веселбата и радоста од Домот на нашиот Бог?
17
Зрната се изгниени под грутките; пусти се житниците, срушени се спремите, зашто снема жито.
18
Како воздивнува добитокот! Здивени стада говеда, скитаат, зашто им нема пасиште. Па и стада овци ја поднесуваат казната.
19
Кон Тебе, Господи, викам? Зашто огнот ги спали пустинските пасишта, пламенот ги изгоре сите полски дрва.
20
Па и полските дрва копнеат по Тебе, зашто потоците пресушија, огнот ги спали пустинските пасишта.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3