bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
John 7
John 7
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 8 →
1
Потоа Исус одеше по Галилеја; бидејќи не сакаше да оди по Јудеја, зашто Јудејците Го бараа да Го убијат.
2
А наближуваше јудејскиот празник на Сениците.
3
Тогаш Неговите браќа Му рекоа: „Замини оттука и оди во Јудеја, та и Твоите ученици да ги видат делата, што ги вршиш;
4
зашто никој не прави нешто тајно, кога самиот сака да биде познат. Штом ги вршиш тие дела, јави му се на светот.”
5
Зашто ни Неговите браќа не веруваа во Него.
6
Затоа Исус им рече: „Моето време уште не дошло, а вашето време секогаш е подготвено.
7
Светот не може да ве мрази вас; а Мене Ме мрази, зашто сведочам за него дека неговите дела се зли.
8
Вие отидете горе на празникот; Јас не одам на празников, зашто Моето време уште не се исполнило.”
9
Тоа им го рече и остана во Галилеја.
10
А кога Неговите браќа отидоа на празникот, тогаш отиде и Самиот, не јавно, туку тајно.
11
Но Јудејците Го бараа на празникот и зборуваа: „Каде е Оној?”
12
И многу се зборуваше за Него во народот; едни зборуваа: „Добар е!” а други велеа: „Не, туку го заблудува народот.”
13
Меѓутоа, никој не зборуваше слободно за Него, заради стравот од Јудејците.
14
А кога празникот веќе се преполови, Исус отиде во Храмот и поучуваше.
15
Затоа Јудејците се чудеа и велеа: „Како ги познава Овој Писмата - кога не учел?”
16
Тогаш Исус им одговори и рече: „Мојата наука не е Моја, туку на Оној Кој Ме пратил.
17
Ако некој сака да ја исполнува Неговата волја, ќе знае дали е наукава од Бога, или зборувам Сам од Себе.
18
Кој говори сам од себе - ја бара својата слава; а кој ја бара славата на Оној Кој Го пратил - Тој е вистински; во Него нема неправда.
19
Зар Мојсеј не ви даде Закон? Но, никој од вас не го исполнува Законот. Зошто сакате да Ме убиете?”
20
Народот одговори: „Бес е во Тебе; кој сака да Те убие?”
21
Исус во одговор им рече: „Направив едно дело и сите се чудите.
22
Затоа Мојсеј ви го даде обрезанието - не како тоа да е од Мојсеја, туку од татковците, па вие во сабота обрезувате човек.
23
Ако човек се обрезува во сабота - за да не се наруши Мојсеевиот Закон - зошто се лутите на Мене дека исцелив цел човек во сабота?
24
Не судете по надворешниот изглед, туку судете праведно!”
25
Тогаш некои од ерусалимците рекоа: „Не е ли Овој Човекот, Кого Го бараат да Го убијат?
26
А ете, зборува слободно и ништо не Му велат. Да не се увериле старешините, дека Тој е навистина Христос?
27
Но, Овој Го знаеме од каде е, а кога ќе дојде Христос, никој не ќе знае од каде е.”
28
Исус пак, поучувајќи во Храмот, извика и рече: „И Мене Ме познавате, а знаете и од каде Сум; не дојдов Сам од Себе, туку е вистински Оној, Кој Ме пратил, Кого вие не Го познавате.
29
Јас Го знам, зашто Сум од Него и Тој Ме прати.”
30
Тогаш сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него, зашто уште не беше дошол Неговиот час.
31
А мнозина од народот поверуваа во Него и велеа: „Кога ќе дојде Христос, дали ќе направи повеќе чуда, отколку што направи Овој?”
32
Фарисеите чуја дека народот зборува така за Него, па првосвештениците и фарисеите испратија служители да Го фатат.
33
Тогаш Исус рече: „Уште малку време Сум со вас, потоа заминувам кај Оној, Кој Ме пратил.
34
Ќе Ме барате и нема да Ме најдете, и каде Сум Јас, вие не можете да дојдете.”
35
Тогаш Јудејците си рекоа меѓу себе: „Каде ќе оди Овој, па да не можеме да Го најдеме? Да не сака да оди при расеаните меѓу Грците и да ги поучува Грците?
36
Што значи зборот, што го рече: ‘Ќе Ме барате и нема да Ме најдете;’ и: ‘каде Сум Јас, вие не можете да дојдете?’
37
А во последниот, големиот ден на празникот Исус застана и извика, велејќи: „Ако е некој жеден, нека дојде при Мене и нека пие.
38
Кој верува во Мене - како што е кажано во Писмото - „од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода.”
39
Тоа го рече пак за Духот, Кого ќе Го примат оние, кои веруваат во Него; зашто Духот уште не беше слезен, зашто Исус уште не беше прославен.
40
А некои од народот, кои ги чуја тие зборови, рекоа: „Овој е навистина Пророкот.
41
Други велеа: „Овој е Христос.” Трети пак прашуваа: „Зар Христос ќе дојде од Галилеја?
42
Зар Писмото не рече дека Христос ќе дојде од Давидовото семе, и од гратчето Витлеем, каде беше Давид?”
43
Така настана раздор во народот заради Него.
44
А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него.
45
Кога слугите дојдоа при првосвештениците и фарисеите, тие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?”
46
Служителите одговорија: „Никој никогаш не зборувал така, како што говори Овој Човек.”
47
А фарисеите им одговорија: „Зар сте и вие заблудени?
48
Дали некој од првенците или од фарисеите поверувал во Него?
49
Туку, проклет е овој народ, што не го знае Законот.”
50
Никодим, кој порано отиде при Исуса, а кој беше од нив, им рече:
51
”Осудува ли нашиот Закон некого, ако најнапред не го сослуша и не разбере што прави?”
52
Тие во одговор му рекоа: „Да не си и ти од Галилеја? Испитај и види дека пророк не доаѓа од Галилеја.”
53
И секој си отиде во својот дом.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21