bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Micah 4
Micah 4
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 5 →
1
Ќе се случи на крајот на деновите: Гората на Господовиот Дом ќе биде поставена над сите гори, возвишена над сите брегови.
2
Сите народи ќе одат кон неа, многу племиња ќе дојдат и ќе речат: „Ајде, да се искачиме на Господовата Гора, во Домот на Јакововиот Бог! Тој ќе нè научи на Своите патишта, и ќе одиме по Неговите патеки.” Зашто Законот ќе излезе од Сион, Господовото слово од Ерусалим.
3
Тој ќе управува со многу племиња и ќе им биде Судија на силните народи. Своите мечеви ќе ги исковаат во паличници, а своите копја во српови. Народ не ќе дига меч против народ, ниту веќе ќе се вежбаат за војна.
4
Секој ќе седи мирно под виновата лоза, и под својата смоква, и никој не ќе го плаши. Тоа го рече устата на Господ над Војските.
5
Зашто сите народи одат, секој во име на својот бог, а ние, ние одиме во Името на Господ, нашиот Бог, секогаш и довека.
6
„Во оној ден - говори Господ - ќе ги соберам хромите, ќе ги приберам распрснатите и сите на кои што им нанесов беда.
7
Од хромите ќе направам Остаток, силен народ од оние што се отфрлени. Тогаш Господ ќе владее над нив на гората Сион од сега и довека.
8
И ти Стражарнице на стадата, Тврдино на Сионската Ќерка, пак ќе ти се врати тебе поранешната власт, царството на Ерусалимската Ќерка.”
9
Зошто сега викаш со силен глас? Нема ли цар во тебе? Зар пропаднаа твоите советници да те опфаќаат болките како родилка?
10
Виткај се од болка и пискај, Сионска Ќерко, како жена што раѓа, зашто сега ќе излезеш од градот и ќе живееш во полето. Ти ќе отидеш до Вавилон, таму ќе се ослободиш, таму ќе те откупи Господ од рацете на твоите непријатели.
11
А сега многу народи се собраа против тебе. Тие зборуваат: „Нека се обесчести, нашите очи нека се наситат со Сион!”
12
Но Господовите мисли тие не ги знаат и не ги разбираат Неговите намери; Тој ги собра како снопје на гумно.
13
„Стани! Оврши го житото, Сионска Ќерко, зашто ти правам железен рог и бронзени копита, и ќе сотреш многу народи; ќе му го заветуваш на Господ нивното благо и нивното богатство на Господарот на сета земја.”
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7