bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Nahum 1
Nahum 1
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
1
Пророштвото за Нинивија; книга на видението на Наум Елкошанецот.
2
Господ е Бог ревнител и одмаздник; Господ се одмаздува и се гневи; Господ им се одмаздува на Своите противници, издржлив е во гневот против непријателите.
3
Господ е долготрпелив, ама голем во сила. Никако, Господ нема да ги пушти виновниците неказнети. Неговиот пат е во виор и во бура, облаците се прав на Неговите нозе.
4
Му се заканува на морето и го исушува, ги пресушува сите реки. Васан и Кармил овенаа, венее цветот на Ливан.
5
Пред Него горите се потресуваат, бреговите се топат, земјата се воздига пред Него, светот и сè што живее во него.
6
Кој може да издржи пред Неговото негодување? И кој ќе издржи пред пламенот на Неговиот гнев? Неговиот гнев се излева како оган и стените се распаѓаат пред Него.
7
Господ е добар, Тој е тврдина во ден на неволја, ги познава оние, кои прибегнуваат кон Него.
8
Кога потопните води ќе поплават, ќе го уништи наполно нејзиното место, ќе ги протера Своите непријатели во мрак.
9
Што смислувате вие против Господа? Тој уништува до крај; неволјата нема да се подигне двапати.
10
Како трнлив грмушник и како пијаници напиени, како сува слама ќе бидат наполно проголтани.
11
Од тебе произлезе оној, кој смислува зло против Господа, советникот на Велијал.
12
Господ зборува вака: „Нека се подготвени, нека се многубројни, ќе бидат покосени, кога тој ќе помине. Ако те понижив, нема да те понижувам отсега.
13
А сега, ќе го скршам јаремот негов од тебе, ќе ги скинам твоите окови.”
14
Господ наредува против тебе: „Не ќе се сее веќе од твоето име, од капиштето на твоите богови ќе ги истребам резаните и леаните ликови, ќе го направам твој гроб, зашто си презрен.”
15
Гледајте, врз горите се нозете на оној, кој носи Добра вест, кој проповеда: „Мир!” Празнувај ги своите празници, Јудо, исполни ги своите заклетви, зашто Велијал веќе не ќе поминува преку тебе, тој е сосема истребен.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3