bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Numbers 27
Numbers 27
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 28 →
1
Тогаш пристапија ќерките на Салпад, синот Оферов, син Галадов, син Махиров, син Манасиев, од родот на Јосифовиот син Манасиј. А имињата на ќерките беа: Мала, Нуја, Егла, Мелха и Терса.
2
Тие застанаа пред Мојсеја, пред свештеникот Елеазар, пред главатарите и пред сето општество при влезот во Шаторот на средбата па рекоа:
3
„Нашиот татко умре во пустината. Не и припаѓаше на дружината што се побуни против Господа на Кореевата дружина - туку умре заради својот сопствен грев. Немаше синови.
4
Зошто да исчезне името на нашиот татко од неговиот род? Бидејќи немаше син, дај ни наследство меѓу браќата на нашиот татко!”
5
Мојсеј го изнесе нивното дело пред Господа.
6
А Господ му рече на Мојсеја:
7
„Салпадовите ќерки зборуваат право. Секако треба да им дадеш недвижен имот што ќе биде нивно наследство меѓу браќата на нивниот татко.
8
Натаму, кажи им на Израелевите синови: ‘Кога ќе умре некој човек а нема син, пренесете го неговото наследство на неговата ќерка.
9
Ако нема ни ќерка, предајте го наследството на неговите браќа.
10
Ако нема ни браќа, предајте го неговото наследство на браќата на неговиот татко.
11
Ако татко му нема браќа, дајте му го неговото наследство на најблискиот роднина од неговиот род: нека ја земе тој во сопственост. Тоа нека им биде законска одредба на Израелевите синови, како што Господ му заповеда на Мојсеја.”
12
Господ му рече на Мојсеја:
13
„Искачи се на онаа гора - Аварим и разгледај ја земјата што им ја давам на Израелевите синови. А кога ќе ја разгледаш, ќе им се придружиш и ти на своите предци, како што им се придружи и твојот брат Арон.
14
Зашто при побуната на општеството во пустината Цин и се спротививте на Мојата уста, место да ја покажете, со водата, Мојата светост во нивните очи.” (Тоа се водите на Мерива кај Кадис во пустината Цин).
15
А Мојсеј Му проговори на Господа вака:
16
„Господ, Бог на духовите на секое тело, нека постави човек над ова општество,
17
кој ќе излегува пред него, кој ќе врви пред него, кој ќе го изведува и воведува, така што Господовата заедница да не биде како стадо што нема пастир.”
18
„Земи го Исуса, синот Навинов!” - Господ му рече на Мојсеја. „Тоа е човек во кого има Дух. Положи ја твојата рака на него!
19
Тогаш одведи го пред свештеникот Елеазар и пред целото општество, па дај му наредба пред нивните очи!
20
Предај му дел од твојата власт, за да го слуша целото општество на Израелевите синови.
21
И нека му се обратува на свештеникот Елеазар и нека го праша него за одлуките, со посредство на Урим пред Господа. На негова заповед нека излегуваат и на негова заповед нека влегуваат: тој и сите Израелеви синови со него, и целото општество.”
22
Мојсеј направи како што Господ му заповеда: го зеде Исуса па го постави пред свештеникот Елеазар и пред целата заедница.
23
Потоа ги положи своите раце на него и му ги даде заповедите, како што Господ заповеда преку Мојсеја.
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 28 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36