bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Ruth 2
Ruth 2
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
1
Ноемина имаше роднина по мажот, човек многу имотен, од Елимелеховото семејство: се викаше Воз.
2
Тогаш Моавката Рута и рече на Ноемина: „Сакам да одам во полето за да доприбирам класови по оној, кај кого ќе најдам милост.” Таа и одговори: „Појди ќерко моја!”
3
И отиде, дојде во полето па почна да доприбира зад жетварите. А среќата ја доведе во полето, што му припаѓаше на Воз, од Елимелеховиот род.
4
И ете, дојде Воз од Витлеем. „Господ да е со вас!” - ги поздрави тој жетварите. А тие му одговорија: „Господ да те благослови!”
5
Воз му рече тогаш на момокот што ги надгледуваше жетварите: „Чија е онаа млада жена?”
6
А момокот, кој беше над жетварите, одговори: „Тоа е младата Моавка што дојде придружувајќи ја Ноемина од Моавските Полиња.
7
Прашаше: ‘Дали смеам да доприбирам и да собирам класје меѓу сноповите зад жетварите.’ И ете дојде, и остана од утрото сè досега; и само малку влезе во куќата.”
8
Тогаш Воз и рече на Рута: „Чуј ме, ќерко моја, не оди да доприбираш кај друг, туку држи се покрај моите ниви и покрај моите трудбеници.
9
Внимавај на која нива тие жнијат, па оди по нив. А им наредив на момчињата за да не те допира никој. Кога ќе жедниш, оди при садовите и пиј од тоа што моите слуги ќе налеат.”
10
Таа падна на своето лице, му се поклони до земјата и рече: „Со што придобив толкава милост во твоите очи, за да ми посветуваш внимание, кога сум туѓинка?”
11
Воз и одговори: „Чув што си направила сè за својата свекрва по смртта на твојот маж; како си ги оставила твојот татко, твојата мајка и твојот роден крај па си дошла во народ што до вчера и до завчера не го познаваше.
12
Господ нека ти плати за сè што си направила, и нека ти додели полна награда Господ, Израелевиот Бог, кога си дошла за да се засолнеш под Неговите крилја!”
13
Таа презеде: „Кога би можела секогаш да наоѓам милост во твоите очи, господару, зашто ме утеши и и проговори од срце на својата слугинка, иако не сум како некоја од твоите слугинки.”
14
Кога беше време за ручек, Воз и рече: „Дојди ваму, јади од овој леб и топи го твојот залак во оцет!” Таа седна покрај жетварите, а тој стави пред неа пржени зрна. Јадеше и се насити, и уште и остана.
15
Кога стана да доприбира натаму Воз им заповеда на своите слуги: „Таа нека доприбира и меѓу сноповите, а вие немојте да ја навредувате.
16
Туку испуштајте класови и од своите ракатки, и оставајте ја нека собира и не и бранете!”
17
И така дособираше сè до вечерта, па тогаш го очукаа она што го имаше доприбрано: беше околу една ефа јачмен.
18
Таа го зеде своето и дојде во градот, а свекрвата виде колку дособрала. Тогаш Рута извади и и даде што и остана откако се насити.
19
Свекрвата ја праша: „Каде доприбираше денес? Каде работеше? Нека биде благословен оној кој погледна на тебе!” Тогаш таа и раскажа на свекрвата кај кого работела и рече: „Човекот кај кого работев денес се вика Воз.”
20
Тогаш Ноемина и рече на својата снаа: „Нека Господ го благослови оној кој не ги лиши од својата милост ни живите ни мртвите!” И Ноемина додаде: „Тој човек е од нашиот род; еден од нашите роднини.”
21
Моавката Рута раскажа натаму: „Уште ми рече: ‘Држи се покрај моите работници додека не ожнеат сè мое!’”
22
Тогаш Ноемина и рече на Рута, на својата снаа: „Добро е, ќерко моја, оди по неговите трудбеници за да не ти биде неприлика на некоја друга нива.”
23
И така се држеше покрај Возовите работници и доприбираше додека не ги ожнија и јачменот и пченицата. И живееше кај својата свекрва.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4