bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Zechariah 6
Zechariah 6
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 7 →
1
И ги подигнав очите и видов: ете, четири бојни коли излегуваат меѓу две гори; а горите беа од бронза.
2
Во првата кола беа костенливи коњи; во втората кола црни коњи;
3
во третата кола бели коњи, а во четвртата кола лисести коњи.
4
Му се обратив на ангелот кој зборуваше со мене и го прашав: „Што е тоа господару?”
5
Ангелот ми одговори вака: „Тие тргнуваат кон четирите страни на небото откако стоеја пред Господарот на целата земја.
6
Костенливите коњи тргнуваат во Источната Земја; црните во Северната Земја; белите во Западната Земја, а шароликите во Јужната Земја.”
7
Тие чекорат цврсто, нестрпливи за да ја обиколат земјата! И тие тргнаа да ја обиколуваат земјата.
8
Тој ме повика и ми рече: „Гледај, оние што тргнаа во Северната Земја ќе го смират мојот дух во Северната Земја.”
9
И ми дојде Господово слово:
10
„Земи приноси од заточениците - од Хелдај, од Тобиј и од Једај - и тргни денес и влези во домот на Јосиј, синот Софониев, кој дојде од Вавилон.
11
Земи сребро и злато, направи круна и стави ја на главата на Исус синот Јоседеков, велесвештеник.
12
И речи му: „Господ над Војските зборува вака: ‘Еве го човекот кому му е името Подник; од под него ќе израсне и тој ќе го изгради Господовиот Храм.
13
Тој ќе го изгради Господовото Светилиште и ќе се прослави. Тој ќе седи и ќе владее на својот престол. А ќе биде и свештеник на престолот свој. Совршена складност ќе биде меѓу нив.”‘
14
„А круната нека остане во Господовото Светилиште за спомен на Елема, Тобиј, Једај и Јосиј, синот Софониев.
15
И оние што се далеку ќе дојдат и ќе го изградат Господовото Светилиште. Така ќе знаете дека Господ над Воинствата ме испрати кај вас. Тоа ќе се збидне ако навистина го послушате гласот на Господа, вашиот Бог.”
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14