bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
/
Matthew 15
Matthew 15
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 16 →
1
Во тоа време од Ерусалим дојдоа кај Исус некои фарисеи и вероучители и Го запрашаа:
2
„Зошто Твоите ученици не ги почитуваат нашите стари обичаи!? На пример, тие не го практикуваат ритуалното миење на рацете пред јадење!“
3
А Исус им одговори: „А зошто вие, со вашите обичаи, ги кршите Божјите заповеди!?
4
На пример, Бог заповедал вака:, Почитувај ги мајка си и татка си. Кој ќе проколне татко или мајка да се казни со смрт!‘
5
А вие велите:, Доволно е само некој да рече дека имотот што го има му го посветува на Бога,
6
и со тоа се ослободува од обврската да ги издржува своите родители!‘ На тој начин, со своите преданија вие ја укинавте Божјата заповед!
7
Лицемери! Имаше право Бог кога преку пророкот Исаија за вас напиша:
8
,Овој народ со усните Ме почитува, но срцето му е далеку од Мене!
9
Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди!‘“
10
Тогаш Исус го повика народот да Му се приближи и му рече: „ Слушајте и сфатете дека,
11
не го погани човекот храната што ја внесува преку устата, туку она што го зборува и што го прави.“
12
По ова Му пристапија Неговите ученици и Му рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите се навредија од она што Ти го кажа?“
13
А Исус им одговори: „Секоја садница што не е насадена од Мојот небесен Татко, ќе биде искоренета!
14
Оставете ги; тие се слепи водачи кои водат слепи луѓе; а кога слепец води слепец обајцата ќе паднат во јама!“
15
Петар проговори и праша: „Објасни ни што сакаше да кажеш со оваа споредба?“
16
Тој им одговори: „Зар и вие уште не сфаќате!?
17
Не сфаќате ли дека си што се јаде преку устата минува низ стомакот и се исфрла надвор?
18
А зборовите што се изговараат низ устата и делата што излегуваат од срцето можат да го опоганат човекот.
19
Зашто, злите планови, убиствата, прељубите, блудствата, кражбите, лагите и пцостите произлегуваат од срцето на човекот.
20
Тие работи го поганат човекот, а не непочитувањето на ритуалното миење на рацете!“
21
Заминувајќи од Галилеја, Исус се повлече на север, во пределот на градовите Тир и Сидон.
22
Една жена, Хананејка, која живееше таму, дојде кај Него и наеднаш извика: „Имај милост спрема мене, Господе, Сине Давидов! Ќерка ми ја измачуваат демонски духови!“
23
Но Исус воопшто не ђ одговори. Тогаш Му пријдоа Неговите ученици и Го молеа: „Исполни ђ ја молбата, да не вика по нас!“
24
Но Исус им одговори: „Јас Сум пратен само кај Израелскиот народ, кај Божјите загубени овци“
25
А жената Му пријде и паѓајќи ничкум пред Него, Му рече: „Господе, помогни ми!“
26
Но Исус ђ одговори: „Не е право да се одземе лебот од децата и да им се фрли на кучињата!“
27
Тогаш, таа одговори: „Така е, Господине; но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари!“
28
На ова, Исус ђ одговори: „Голема вера имаш ти, жено! Нека ти се исполни желбата!“ Во истиот миг нејзината ќерка беше исцелена.
29
Заминувајќи си оттаму, Исус се упати назад, кон брегот на Галилејското Езеро; таму се искачи на еден рид и седна.
30
Надојде голема толпа народ, водејќи со себе куци, сакати, слепи, глувонеми и многу други болни, кои Му ги положуваа пред нозе, и Тој ги исцелуваше.
31
Народот беше вчудовиден, гледајќи како неми прозборуваат, сакати оздравуваат, куци проодуваат и слепи прогледуваат. И Му оддаваа слава на Израеловиот Бог.
32
Потоа, Исус ги повика кај Себе Своите ученици, и им рече: „Жал ми е за луѓето, зашто веќе три дни се со Мене, а ништо не јале. Не би сакал да ги пуштам да си одат гладни, за да не изнемоштат по пат.“
33
А Неговите ученици Го прашаа: “Каде ќе најдеме доволно храна за толку народ, овде, во пустинава?“
34
Тој ги праша: „Колку леб имате?“ Тие Му рекоа: „Седум леба и неколку рипчиња.“
35
Тогаш Исус им заповеда на луѓето да испоседнат по земјата,
36
па ги зеде седумте леба и рибите, Му се заблагодари на Бог и ги раскрши. Потоа им ги подаваше на учениците, а тие му ги разделуваа на народот.
37
Сите јадеа и се наситија, а собраа и седум полни кошници со парчиња што преостанаа.
38
А луѓето што јадеа беа на број четири илјади машки глави, не сметајќи ги жените и децата.
39
Тогаш Исус го пушти народот да си оди, а Тој се качи на бротче и замина во пределот на Магадан.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28