bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
/
Revelation 8
Revelation 8
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 9 →
1
Кога Јагнето го отвори седмиот печат, на небото настапи полчасовен молк.
2
Потоа забележав дека на седумте ангели што стоеја пред Бог им беа разделени седум труби.
3
Во тој момент еден друг ангел, кој носеше златна кадилница, дојде и застана врз жртвеникот. Нему му беше дадено големо количество темјан да го принесе заедно со молитвите на Божјите луѓе, на златниот жртвеник, пред престолот.
4
Тогаш од раката на ангелот се подигна дим од темјанот и од молитвите на Божјите луѓе и втаса до Бог.
5
Потоа ангелот ја зеде кадилницата, ја наполни со жар од жртвеникот и го истури врз Земјата. Од тоа зататнеа грмотевици, болснаа молскавици, а Земјата почна да се тресе.
6
Седумте ангели кои ги имаа седумте труби се подготвија да затрубат.
7
Првиот ангел затруби и врз Земјата се истурија град и оган, измешани со крв! Од нив се запали една третина од Земјата и изгоре една третина од дрвјата и сето зеленило.
8
Вториот ангел затруби и нешто како пламната гора беше фрлено во морето. Од тоа, една третина од морето се претвори во крв,
9
една третина од живиот свет во морето изгина и една третина од бродовите потонаа.
10
Третиот ангел затруби и од небото падна една голема ѕвезда. Таа гореше како факел и падна врз една третина од реките и изворите. Ѕвездата беше наречена Пелин
11
и од неа стана горчлива една третина од водата за пиење. Голем број луѓе изумреа од горчливата вода.
12
Четвртиот ангел затруби и една третина од Сонцето, една третина од Месечината и една третина од ѕвездите беа погодени и сите тие загубија по една третина од својата светлина. Така и една третина од денот и една третина од ноќта останаа без светлина.
13
Во моето видение тогаш забележав еден орел како лета високо сред небото. Орелот громогласно извикуваше: „Тешко, тешко, тешко на жителите на Земјата од трубењето на следните тројца ангели!“
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 9 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22