bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
/
Titus 1
Titus 1
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
1
Од Павле, Божји слуга и апостол на Исус Христос. Јас сум испратен да им донесам вера на оние што Бог ги одбра, за да ја запознаат вистината и да живеат побожно.
2
Таа произлегува од надежта дека ќе добиеме вечен живот, како што Бог уште одамна ни вети, а Тој не лаже.
3
Кога дојде вистинското време, Бог, нашиот Спасител, ја објави Својата порака, ми ја довери и ми наложи да им ја проповедам на луѓето.
4
Пишувам до Тит кој, заради тоа што имаме иста вера, ми е како вистински син. Ти посакувам Бог, нашиот Татко, и Исус Христос, нашиот Спасител, да ти бидат благонаклонети и да ти дадат мир.
5
Те оставив во Крит за да го довршиш она што остана недовршено: по сите градови да назначиш водачи во црквите. Како што ти наредив,
6
за да биде некој водач треба да биде без пороци, верен на својата сопруга, ако има деца, тие треба да имаат вера во Бог и да не ги бие глас дека се разуздани и непослушни.
7
Неопходно е оние што се надзорници во црквата, како Божји управители, да немаат пороци, да не бидат самовљубени и избувливи, да не бидат пијаници, зајадливи, ниту да бидат алчни по нечесна заработка.
8
Тие треба да бидат гостољубиви, да го сакаат доброто, да бидат разумни, правични, побожни луѓе што умеат да се контролираат.
9
Мора да се придржуваат до правилното учење. Така ќе можат да им помогнат и на други луѓе, проповедајќи им здраво учење, и ќе можат да ги изнесат на виделина грешките на оние што му се противставуваат на правилното учење.
10
Има многу противници, особено од Евреите, кои се занимаваат со бескорисни расправии и ги мамат луѓето.
11
На таквите треба да им се затнат устите. Со своето погрешно учење тие цели семејства заведуваат, поучувајќи ги на она што не треба, а се од лакомост за пари кои нечесно ги печалат.
12
Еден од нивните пророци, иако и самиот е од Крит, има кажано за нив: „Жителите на Крит се лажливци, зли ѕверови и мрзливи лапачи!“
13
Многу точно ги опишал! Сериозно да ги искараш, за да и се вратат на здравата вера,
14
да не се раководат од еврејските митови и од заповедите воспоставени од луѓе кои ја изопачуваат вистината.
15
За оној што е во срцето чист, се е чисто. За оние, пак, што се неверни, чии умови се валкани, чија совест е нечиста, за нив ништо не е чисто.
16
Тие тврдат дека Го знаат Бога, но со своите постапки го докажуваат спротивното. Одвратни се, непокорни и неспособни да направат барем нешто добро.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3