bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Ezekiel 4
Ezekiel 4
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 5 →
1
»А ти, сине човечки, земи една тула и стави ја пред себе и нацртај го на неа Ерусалим;
2
и постави опсада околу него, направи тврдина спрема него, направи и насипи околу него, постави логор против него и нареди наоколу спроти него машини за уривање ѕидови.
3
Потоа земи железна плоча и постави ја како железен ѕид меѓу себе и градот, па сврти го лицето свое спроти градот и тој ќе биде опседнат, опседнувај го ти. И тоа ќе биде знак за домот Израилев.
4
Ти, пак, легни на својата лева страна и стави го врз неа беззаконието на домот Израилев; според бројот на деновите, – сто и педесет – во кои ќе лежиш врз неа, толку ќе го носиш беззаконието нивно.
5
А Јас ти ги определив годините на беззаконието нивно според бројот на деновите; триста и деведесет денови ќе го носиш беззаконието на домот Израилев.
6
И кога ќе ги исполниш, повторно легни, но сега на својата десна страна и четириесет денови носи го беззаконието на домот Јудин, ден за година, ден за година ти определив.
7
Па сврти го лицето свое и мишката на својата десна страна кон опсадениот Ерусалим, и пророкувај против него.
8
Ете, Јас поставив врз тебе окови, и ти не ќе можеш да се свртиш од едната страна на другата, додека не ги исполниш деновите на твојата опсада.
9
Земи си пченица и јачмен, боб и леќа, просо и 'рж, и сипи ги во еден сад и направи си од нив лебови, според бројот на деновите, кога ќе лежиш на страната своја, триста и деведесет денови ќе ги јадеш.
10
И јадењата, со кои ќе се храниш, јади ги со мерка, по дваесет сикли на ден; одвреме навреме јади го тоа.
11
И вода пиј со мерка, по шестина од ин; одвреме навреме пиј.
12
А ќе ги јадеш јачмените питки и печи ги пред нивните очи на човечко ѓубре.«
13
И рече Господ: »Израилевите синови така ќе јадат нечист леб меѓу оние народи, кај кои ќе ги прогонам.«
14
Тогаш реков: »О, Господи Боже, душата моја никогаш не се осквернила и од младини па сѐ досега никогаш не сум јал мрша и раскинато од ѕвер; и никакво нечисто месо не влегло во устата моја.«
15
И ми рече Он: »Ти дозволувам место човечко ѓубре, земи говедско ѓубре, и на него печи го лебот свој.«
16
И пак ми рече: »Сине човечки, еве во Ерусалим Јас ќе ја скршам лебната потпора, и ќе јадат леб со мерка и во жалост, и вода ќе пијат со мерка и во тага,
17
зашто при нив ќе снема леб и вода, и тие со ужас ќе се гледаат еден со друг и ќе умрираат во беззаконието свое.«
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48