bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Ezekiel 45
Ezekiel 45
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 44
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 46 →
1
Кога со жреб ќе ја делите земјата на делови, одделете свет дел за Господа – дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади лакти во ширина; тоа место да биде свето како целина наоколу.
2
Од него до светилиштето да има четириаголник, по петстотини лакти наоколу и околу него, со плоштадка од педесет лакти.
3
Според таа мерка измери дваесет и пет илјади трски надолж и десет илјади трски по ширината, каде што ќе се наоѓа светилиштето, Свјатаја Свјатих.
4
Тој дел од светата земја ќе им припаѓа на свештениците, служители на светилиштето, кои ќе пристапуваат да Му служат на Господа; тоа место ќе биде место за куќи и светиња за светилиштето.
5
Дваесет и пет илјади трски по должина и десет илјади трски по ширина, ќе им припаѓа на левитите, служители на храмот, како нивно владение, каде што ќе живеат.
6
Дајте му и на градот владение од пет илјади трски нашир и дваесет и пет илјади трски по должина, спроти светото место, определено за Господа; тоа ќе му припаѓа на сиот дом Израилев.
7
И за кнезот определете дел од едната и од другата страна, до светото место, определено за Господа, како и до владението на градот, кон запад од западната страна и кон исток од источната страна, во должина еднаква со еден од оние делови од западниот до источниот крај.
8
Тоа ќе биде негова земја, негово владение во Израилот, така што во иднина кнезовите Мои да не го притеснуваат народот Мој, и земјата да ја раздаваат на домот Израилев според колената негови.
9
Така вели Господ Бог: кнезови Израилеви, доста беше ова, оставете ги насилијата и принудувањата, а вршете суд и правда; престанете да го изгонувате народот Мој од владенијата негови, вели Господ Бог.
10
Имајте иста мерка, вистинска ефа и прав бат.
11
Ефата и батот треба да бидат еднакви, така што батот да содржи една десетина хомер, а и ефата една десетина хомер; мерката нивна треба да се определува според хомерот.
12
Во една сикла треба да се содржат дваесет гери; а дваесет сикли, дваесет и пет сикли и петнаесет сикли треба да ви претставуваат една мина.
13
Ете, тоа е данокот што ќе му го давате на кнезот; шести дел од ефа хомер пченица и шести дел од ефа хомер јачмен;
14
а мерката за елејот е: една десетина елеј бат од кор, кој е хомер, што изнесува десет бата;
15
по една овца на стадо од двесте овци, од богатото пасиште на Израилот; сето тоа ќе биде дар за лебен принос, за сепаленица и за благодарствена жртва, поради нивното очистување, вели Господ Бог.
16
Сиот народ од земјата должен е да го дава тој принос за кнезот во Израилот.
17
А кнезот е должен да принесува сепаленици и лебен принос, прелив на празници, во новомесечијата и во саботите за време на сите прослави во домот Израилев; тој ќе треба да принесува жртви за грев и лебен принос, сепаленици и благодарствени жртви за очистување на домот Израилев.
18
Така вели Господ Бог: во првиот месец, на првиот ден од месецот, земи од стадото волови јунец без недостаток и очисти го светилиштето.
19
Свештеникот нека земе крв од таа жртва за грев и со неа нека ги пороси довратниците на храмот и рамнинката на жртвеникот на четирите агли, а и довратниците на внатрешниот двор.
20
Тоа исто направи го и во седмиот ден од месецот за оние кои смислено и по простотилак грешат, па така очисти го храмот.
21
На четиринаесеттиот ден од првиот месец треба да празнуваш Пасха, седмодневен празник кога ќе се јадат бесквасници.
22
Во тој ден кнезот ќе принесе за себе и за сиот народ во земјата жртва – еден јунец за грев.
23
И во тие седум дена на празникот тој ќе Му принесува на Господа сепаленица секој ден, по седум јунци и по седум овни без недостаток, а и жртва за грев секој ден – по еден козел од стадото кози.
24
Лебен приност ќе принесува по ефа на јунец и по ефа на овен, и елеј по хин од ефа.
25
Во седмиот месец, на петнаесеттиот ден од месецот, на празникот, во текот на седумте дена тој треба да принесува исто таква жртва за грев, таква сепаленица, и толку лебен принос и толку елеј.
← Chapter 44
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 46 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48