bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
1 Chronicles 5
1 Chronicles 5
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 6 →
1
Синови на Рувим, првороден Израилев; тој беше првороден, но откако ја оскверни постелата на татко си, првенството им беше дадено на синовите на Јосиф, син Израилев, но под услов да не се пишат првородени.
2
Бидејќи Јуда беше најсилен меѓу браќата свои, тоа и водачот излегуваше од него, но првенството беше пренесено на Јосиф, –
3
синови на Рувим, првородениот Израилев, беа: Енох, Палу, Есром и Карми.
4
Синови на Јоил: Шемаја, неговиот син Гог, неговиот син Семеј,
5
негов син Миха, негов син Реаја, негов син Ваал,
6
негов син Беера, кого што асирскиот цар Тилгат-Пилнесер го одведе во плен. Тој беше началник на Рувимците.
7
А роднините негови, според родовите нивни, според нивниот родословен список, беа: Јеиел – главен, потоа Захарија
8
и Бела, син Азазов, син на Шема, син Јоилов; тој живееше во Ароер, до Нево и до Ваал-Меон;
9
потоа живееше тој кон исток сѐ до влезот во пустината, кој се протега до реката Еуфрат, зашто беа многубројни во земјата Галаадска.
10
Во дните на Саул, тие водеа војна со Хагријците, а тие се населија во шаторите нивни по целата источна страна на Галаад.
11
Синовите Гадови живееја спроти нив во земјата Башанска, до Салеха:
12
во Башан главен беше Јоил, втор – Сафан, потоа Јанај и Шафат.
13
Браќата нивни со челадта своја беа седум: Михаил, Мешулам, Сева, Јорај, Јакан, Зија и Евер, седум.
14
Еве ги синовите на Авихајл, син на Хури, син на Јароах, син Галаадов, син на Михаил, син Јешишаев, син Јахдоев, син Бузов.
15
Ахи, син на Авдиел, син Гуниев, беше началник во домот на својот род.
16
Тие се населија во Галаад, во Башан и по селата негови и во сите пасишта на Сарон, сѐ до крајните предели нивни.
17
Тие сите беа впишани во родословијата во времето на јудејскиот цар Јотам и во времето на израилскиот цар Јеровоам.
18
Меѓу потомците на Рувим и Гад и половината од племето Манасиево имаше воинствени луѓе, мажи, кои носеа штит и меч, кои стрелаа со лак и опитни на борба – четириесет и четири илјади седумстотини и шеесет души, што одеа во војна.
19
Тие војуваа со Хагријците, со Јетурејците, Нафишејците, Нодавејците.
20
И помош им беше дадена против нив, и Хагријците беа предадени во рацете нивни со сѐ што имаа, зашто во времето на борбите тие Го повикуваа Господа и Тој ги услишуваше, зашто на Него се надеваа.
21
И ги зедоа стадата нивни: педесет илјади камили, ситен добиток двесте и педесет илјади, магариња две илјади и сто илјади луѓе.
22
Зашто ранети паднаа многу, бидејќи борбата беше од Бога. И живееја на нивното место сѐ до прогонството.
23
Потомците од племето Манасиево живееја во таа земја од Башан до Ваал-Ермон и Сенир и до гората Ермон; и тие се намножија.
24
Еве ги нивните началници: Ефер, Јиши, Елиил, Азриил, Еремија, Ходавија и Јахдиел, мажи силни, мажи прочуени, глави на родовите свои.
25
Но тие направија престап против Бога на татковците свои и почнаа да живеат блудно според боговите на народите во таа земја, кои Бог ги беше изгонил од пред лицето нивно,
26
тогаш Бог Израилев го поттикна духот на асирскиот цар Пул и духот на асирскиот цар Тилгат-Пилнесер, и тие ги преселија Рувимците и Гадовците и половината од племето Манасиево и ги одведоа во Хелах, Хавор и Хара и на реката Гозан, каде што се и до ден денешен.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29