bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
2 Kings 14
2 Kings 14
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 15 →
1
Во втората година од владеењето на Јоас, синот на израилскиот цар Јоахаз, стана цар Амасија, син на јудејскиот цар Јоас:
2
тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Јоадана, од Ерусалим.
3
И го правеше тој она што беше правилно пред очите на Господ, но не така, како неговиот предок Давид; тој во сѐ постапуваше како својот татко Јоас.
4
Само идолските светилишта не беа урнати: народот уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.
5
Кога се зацврсти царството во рацете негови, тој ги уби слугите свои што беа го убиле царот, неговиот татко.
6
Но децата на убијците не ги уби, зашто е напишано во книгата на Мојсеевиот закон, каде Господ заповеда, велејќи: „Татковците да не бидат казнувани со смрт заради децата, и децата не треба да бидат казнувани со смрт заради татковците, туку секој треба да се казнува со смрт за својот престап.“
7
Тој порази десет илјади Едомци во Солената Долина, и го зеде градот сала со војна, и му даде име Јоктеел, кое си остана и до денес.
8
Тогаш Амасија испрати пратеници до Јоас, израилскиот цар, син на Јоахаз, Јехуевиот син, да кажат: „Излези да се видиме лице в лице!“
9
Тогаш израилскиот цар Јоас испрати до Амасија, јудејскиот цар, да кажат: „Трнот леванонски испратил кај кедарот леванонски да кажат: ‚дај ја ќерката своја за жена на синот мој. Но минале диви леванонски ѕверови и го изгазиле тој трн.‘
10
Ти ги порази Едомците, и срцето твое се возгордеа. Биди задоволен со својата слава и остани во домот свој. Што ти треба да предизвикуваш расправија за зло? Ќе паднеш ти и Јудеја со тебе.“
11
Но Амасија не послуша. Тогаш Јоас, царот израилски, излезе, и се видоа лице в лице, тој и Амасија, царот јудејски, во Ветсамис што е во Јудеја.
12
Јудејците беа разбиени од Израилците, и се разбегаа по шаторите свои.
13
Израилскиот цар Јоас го фати во Ветсамис јудејскиот цар Амасија, синот на Јоас, Ахазиевиот син, дојде во Ерусалим и урна четиристотини лакти од ерусалимскиот ѕид – од Ефремовата Порта до Аголната Порта.
14
И го зеде сето злато и сребро и сите садови, какви што се најдоа во домот Господов и во сокровиштата на царскиот дом, и заложниците, и се врати во Самарија.
15
Другите дела на Јоас што тој ги изврши, и за неговите јуначки подвизи, и како тој војуваше против јудејскиот цар Амасија, се опишани во летописите на израилските цареви.
16
И почина Јоас кај своите предци, и беше погребан во Самарија, покрај израилските цареви. Место него стана цар неговиот син Јеровоам.
17
Амасија, синот на Јоас, јудејскиот цар, живееше петнаесет години по смртта на Јоахазовиот син Јоас, израилскиот цар.
18
Другите дела на Амасија се запишани во летописите на јудејските цареви.
19
И направија заговор против него во Ерусалим, и тој избега во Лакиш. Испратија по него во Лакиш, и таму го убија.
20
Го донесоа на коњи, и го погребаа во Ерусалим кај неговите предци, во Давидовиот град.
21
Сиот народ јудејски го зеде Азарија, кој беше на шеснаесет години, и го поставија за цар место неговиот татко Амасија.
22
Тој повторно го изгради Елат и му го врати на Јудеја, откако царот, татко му, почина кај своите предци.
23
Израилскиот цар Јеровоам, синот на Јоас, стана цар во Самарија во петнаесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Амасија, Јоасовиот син, и царуваше четириесет и една година.
24
И го правеше она што не беше добро пред очите на Господ: не отстапуваше од ниеден грев на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израил.
25
Тој ги установи границите на Израил од Емат до Мртвото Море, според словото на Господ, Бог Израилев што Тој го беше изрекол преку слугата Свој Јона, синот на Амитај, пророк од Гат-Хефер,
26
зашто Господ ја виде неволјата на Израил, толку горчлива, зашто немаше ни робови, ни слободни што би му помогнале на Израил.
27
И не сакаше Господ да го искорени името на Израилците под небото, па ги спаси преку раката на Јоасовиот син Јеровоам.
28
Другото за Јеровоам и за сѐ што извршил, и за неговите јуначки подвизи, како војувал и како му ги вратил на Израил Дамаск и Хамат, што ѝ припаѓаа на Јудеја, е опишано во летописите на израилските цареви.
29
И почина Јеровоам, кај своите предци, кај израилските цареви. А на негово место стана цар синот негов Захарија.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25