bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
2 Kings 15
2 Kings 15
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 16 →
1
Јудејскиот цар Азарија, синот на Амасија, стана цар во дваесет и седмата година од владеењето на израилскиот цар Јеровоам.
2
Тој беше на шеснаесет години кога стана цар, и педесет и две години царуваше во Ерусалим. Мајка му се викаше Јехолија, од Ерусалим.
3
Тој го правеше она што беше правилно во очите на Господ, токму како што постапуваше татко му Амасија.
4
Само идолските светилишта не беа урнати: народот сѐ уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.
5
Господ го порази царот, и тој беше болен од лепра до денот на својата смрт и живееше во посебен дом. А царевиот син Јотам беше управник над царскиот дворец и му судеше на народот во земјата.
6
Другите дела на Азарија и сѐ што тој извршил, е опишано во летописите на јудејските цареви.
7
И почина Азарија кај своите предци, и го погребаа кај неговите предци во Давидовиот град. На негово место се зацари неговиот син Јотам.
8
Захарија, синот на Јеровоам, стана цар над Израил во Самарија во триесет и осмата година од владеењето на јудејскиот цар Азарија и царуваше шест месеци.
9
Тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ, како што правеа неговите предци: не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израил.
10
Селум, синот на Јавеш, се побуни против него, го удри пред народот и го уби, па стана цар место него.
11
Другото за Захарија е опишано во летописите на израилските цареви.
12
Такво беше словото на Господ што Тој му го беше кажал на Јуј, велејќи: „Синовите твои ќе седат на израилскиот престол до четвртото колено.“ Така и стана.
13
Јавешовиот син Селум стана цар во триесет и деветтата година од владеењето на јудејскиот цар Азарија и царуваше во Самарија еден месец.
14
Тогаш Менаим, синот на Гадиј, тргна од Тирца, и дојде во Самарија, го собори Јавешовиот син Селум во Самарија, го усмрти и стана цар место него.
15
Другите работи на Селум и побуната негова што тој ја изведе, опишани се во летописите на израилските цареви.
16
Менаим ја разори Тифса и сите што беа во неа и во нејзините предели, почнувајќи од Тирца, поради тоа што жителите на градот не му ги отворија портите. Та го разори, и сите бремени жени во него ги распори.
17
Менаим, синот на Гадиј, стана цар над Израил во триесет и деветтата година од владеењето на јудејскиот цар Азарија и царуваше десет години во Самарија;
18
тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ; не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го наведуваше во грев Израил, во текот на сите негови денови.
19
Тогаш асирскиот цар Пул ја нападна земјата Израилева. И Менаим му даде на Пул илјада кикари сребро за да му помогне да го зацврсти царството во своја рака.
20
Менаим го зеде тоа сребро од Израилците, од сите богати луѓе, по педесет шекели сребро од секој човек за да ги даде на асирскиот цар. Така се врати назад асирскиот цар, и не остана таму во земјата.
21
Другите дела на Менаим и сѐ што тој беше извршил, опишани се во летописите на израилските цареви.
22
И почина Менаим кај своите предци. На негово место се зацари неговиот син Факија.
23
Факија, синот на Менаим, стана цар над Израил во Самарија во педесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Азарија и царуваше две години.
24
И тој го правеше, она што не беше угодно пред очите на Господ; не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел Израил во грев.
25
Против него се побуни Факиј, синот на Ремалија, негов дворјанин, и го нападна во Самарија, близу царскиот дом, со Аргов и Арје. Со себе имаше и педесет мажи од Галаад. Го уби и се зацари на негово место.
26
Другите работи на Факија и сѐ што беше извршил, опишани се во летописите на израилските цареви.
27
Ремалиевиот син Факиј стана цар над Израил во Самарија во педесет и втората година од владеењето на јудејскиот цар Азарија и царуваше дваесет години;
28
Тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ: не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израил.
29
Во дните на израилскиот цар Факиј дојде асирскиот цар Тиглат-Пилесер, го презеде Ијон, Авел-Бет-Мааха, Јаноах, Кедес, Асор, Галаад, Галилеја и целата Нефталимова земја, и ги пресели жителите нивни во Асирија.
30
Осија, синот на Ила, се побуни против Ремалиевиот син Факиј, го удри и го уби, па стана цар место него во дваесеттата година од владеењето на Јотам, синот на Озија.
31
Другите дела на Факиј и сѐ што тој беше направил, опишани се во летописите на израилските цареви.
32
Јотам, синот на јудејскиот цар Озија, стана цар во втората година на Рамалиевиот син Факиј, цар израилски.
33
Тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години. Мајка му се викаше Јеруша, ќерка на Садок.
34
Само тој го правеше она што беше правилно пред очите на Господ: во сѐ постапуваше така, како што постапуваше неговиот татко Озија.
35
Но идолските светилишта не беа срушени: народот сѐ уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта. Тој ги изгради горните порти кај домот Господов.
36
Другите дела на Јотам и сѐ што тој беше направил, опишани се во летописите на јудејските цареви.
37
Во тие денови Господ почна да го испраќа во Јудеја арамејскиот цар Рецин и Рамалиевиот син Факиј.
38
И почина Јотам кај своите предци, и беше погребан кај своите предци во градот на својот предок Давид. А на негово место се зацари неговиот син Ахаз.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25