bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Amos 3
Amos 3
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 4 →
1
Чујте го овој збор, што го кажа Господ против вас, синови на Израил, против целото племе, кое го изведов од земјата египетска, велејќи:
2
само вас ве признав од сите земни племиња, поради тоа и ќе ве казнам поради сите ваши беззаконија.
3
Тргнуваат ли двајца заедно, ако не се договорат меѓу себе?
4
Рика ли лав во гора, кога нема пред него плен? Пушта ли глас лавче од својата пештера, ако ништо не уловило во неа?
5
Паѓа ли птица во мрежа на земја, кога нема мрежа за неа? Ќе се подигне ли од земјата стапица, ако не се фати ништо во неа?
6
Труби ли труба во град, а народот да не се уплаши? Се случува ли во градот зло, што не го дозволил Господ?
7
Зашто Господ Бог не прави ништо додека не им ја открие тајната Своја на Своите слуги – пророците.
8
Кога ќе зарика лав, кој нема да се исплаши? Господ Бог зборува – кој нема да пророкува?
9
Прогласете од тврдините на Ашдод и од покривите на земјата египетска и кажете: соберете се по горите на Самарија и погледајте го големото бесчестие во неа и насилствата во неа.
10
Тие не знаат да постапуваат справедливо, вели Господ: со насилие и грабеж собираат добра во дворците свои.
11
Затоа, вака вели Господ Бог: еве, непријателот ќе ја опколи земјата, одбраната ќе ти ја разбие и дворците твои ќе бидат ограбени.
12
Така вели Господ – како што понекогаш пастирот истргнува од лавовска уста две нозе или дел од увото, така ќе бидат спасени синовите Израилеви, кои сега седат во Самарија во аголот на постелата своја и во Дамаск на леглото свое.
13
Слушајте и бидете сведоци против домот на Јаков, вели Господ Бог Саваот.
14
Зашто во оној ден, кога ќе го казнам Израил за престапите негови, ќе го казнам и за жртвениците во Ветил; ќе бидат отсечени роговите на жртвеникот и тие ќе паднат на земја.
15
Ќе го поразам зимскиот дом заедно со летниот дом, и ќе исчезнат домовите со украси од слонова коска, ќе снема многу домови, вели Господ.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9