bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Amos 6
Amos 6
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 7 →
1
Тешко им на оние што се опуштиле во Сион и на оние што се чувствуваат сигурни на Гората Самарјанска, кои се првенци во народот, и при кои доаѓа домот Израилев!
2
Минете во Калне и видете, оттаму одете во Великиот Хамат и спуштете се во Гет филистејски: зар вие сте подобри од овие царства? Нели се пошироки нивните предели од вашите предели?
3
Тешко вам, кои сметате дека е далеку злочестиот ден, а правите да се приближи власта на насилството,
4
вие, кои лежите на легла од слонова коска и се оптегате на постелите свои, вие, кои јадете најдобри овни од стадото и телиња од богато пасиште,
5
вие, кои врескате по звукот на харфа, мислејќи дека свирите како Давид,
6
вие, кои пиете вино од врчви, се мачкате со најдобри масла и не ве боли срцето за пропаста на Јосиф!
7
Затоа сега вие ќе појдете први во ропство пред заробените, и ќе се заврши ликувањето на разнежените.
8
Се колне Господ Бог Сам во себе и вака вели Господ, Бог Саваот: се гнасам од гордоста на Јаков и ги мразам дворците негови, и ќе го предадам градот и сѐ, што го исполнува.
9
И, ако во некоја куќа останаа десет души, и тие ќе умрат.
10
Ќе ги земе роднината нивни, за да ги изнесе коските нивни од куќите, па ќе го прашаат оној, кој стои пред куќата: „Има ли уште некого?“ Тој ќе одговори: „Нема никого.“ И овој ќе рече: „Молчи, зашто не бива да се спомнува името Господово.“
11
Зашто, ете, Господ ќе даде заповед и ќе ги сосипе големите куќи на парчиња, а малите на остатоци.
12
Трчаат ли коњите по карпа? Може ли морето да се изора со волови? Вие, пак, го превртувате правосудството во отров, а плодот на правдата – во горчина;
13
вие, што се восхитувате од ништо и од никакви работи и велите: „Зар не спечаливме со силата на својата моќ?“
14
Еве, Јас, вели Господ Бог Саваот, ќе подигнам народ против вас, доме Израилев и ќе ве угнетуваат од влезот во Емат до потокот во рамнината.
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9