bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Genesis 1
Genesis 1
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 2 →
1
Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.
2
Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната и Божјиот Дух лебдеше над водата.
3
И Бог рече: „Нека биде светлина!“ И настана светлина.
4
И Бог виде дека светлината е нешто добро; и ја оддели Бог светлината од темнината.
5
Бог светлината ја нарече ден, а темнината ја нарече ноќ. И настапи вечер, и настапи утро – прв ден.
6
Потоа Бог рече: „Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!“ (И така стана).
7
И создаде Бог свод; и ја одвои водата што е под сводот од водата што е над сводот. Така и стана.
8
И сводот Бог го нарече небо. (И виде Бог дека тоа е добро). И настапи вечер и настапи утро – втор ден.
9
И Бог рече: „Нека се собере водата, што е под небото на едно место, и нека се појави копно!“ И стана така. (Водата што е под небото се собра на своите места и се појави копно).
10
Копното Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња; и виде Бог дека тоа е добро.
11
И Бог рече: „Нека израсте од земјата зеленило – трева, што дава семе, плодоносни дрвја кои во себе имаат семе (според својот род и вид)!“ И стана така.
12
Земјата пушти од себе зеленило: трева што дава семе според својот род (и вид), а и (плодоносни) дрвја што раѓаат плод, чие семе е според нивниот род. И Бог виде дека тоа е добро.
13
И настапи вечер, и настапи утро – трет ден.
14
Потоа Бог рече: „Нека се појават светила на небескиот свод (за да ја осветлуваат земјата), за да го делат денот од ноќта и да бидат знаци, и за времињата, и за деновите, и за годините;
15
и нека бидат тие светилници на небескиот свод, за да ја осветлуваат земјата!“ И стана така.
16
Бог создаде две големи светила: поголемо светило да управува со денот, и помало светило да управува со ноќта; ги создаде и ѕвездите;
17
и ги постави Бог на небескиот свод да ја осветлуваат земјата,
18
и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека тоа е добро.
19
И настапи вечер, и настапи утро – четврти ден.
20
Потоа рече Бог: „Водата нека се исполни со живи суштества, а низ небескиот свод над земјата нека полетаат птици!“ (И така стана).
21
И Бог создаде големи риби и секаков вид животни влекачи, што живеат во водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според нивниот род. И виде Бог дека тоа е добро.
22
И ги благослови Бог, велејќи: „Плодете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека се намножат на земјата!“
23
И настапи вечер, и настапи утро – петти ден.
24
Пак рече Бог: „Нека изведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, лазачи и ѕверови земни според нивниот род!“ И стана така.
25
И Бог создаде ѕверови земни, според родот нивни, и добиток според родот негов, и секакви гадинки земни, според родот нивни. И Бог виде дека тоа е добро.
26
Потоа Бог рече: „Да создадеме човек според Нашиот образ (и) според Нашето подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над морските риби, над небеските птици, (над ѕверовите) и над добитокот – над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата!“
27
И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
28
И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги морските риби (и ѕверовите), и небеските птици (и секаков добиток, целата земја), и сите животни што лазат по земјата!“
29
И Бог рече: „Еве, ви дадов секакви билки што даваат семе по целата земја, и секакви дрвја што во себе имаат семе според својот род и вид; тоа да ви биде за храна!
30
А на сите земни ѕверови, и на сите небески птици, и на сѐ што се движи (и лази) по земјата, во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија за храна.“ Така и стана.
31
И Бог виде дека сето она што го создаде е многу добро. И настапи вечер, и настапи утро – шести ден.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50