bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Genesis 31
Genesis 31
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 30
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 32 →
1
Во тоа време чу Јаков дека синовите Лаванови зборуваат: „Јаков зеде сѐ што беше на нашиот татко, и од она што беше на нашиот татко, го доби тоа цело богатство.“
2
И виде Јаков дека лицето на Лаван не е спрема него како порано.
3
И Господ му рече на Јаков: „Врати се во земјата на таткото свој и во родот свој; и Јас ќе бидам со тебе!“
4
Тогаш испрати Јаков, и ги повикаа Рахила и Лија од полето, каде што беа со стадото,
5
и им рече: „Гледам дека лицето на вашиот татко спрема мене не е како порано; но Бог на таткото мој беше со мене.
6
Вие самите знаете дека на вашиот татко му служев со сета своја сила,
7
а таткото ваш ме мамеше и десетпати ми ја промени платата, но Бог не му дозволи да ми направи зло.
8
Кога тој ќе речеше – секоја шарена нека биде твоја награда, – тогаш сиот добиток раѓаше шарени. А кога ќе речеше – секоја ригеста да ти биде плата – тогаш сите се раѓаа ригести.
9
Така Бог го одзеде добитокот од вашиот татко и ми го даде мене.
10
Еднаш, кога се пареше добитокот, ги кренав очите мои и видов сон, а тоа: овните и јарците што скокаа на овците и козите беа ригести, дамчести и шарени.
11
И ангел Божји ми рече во сонот: ‚Јакове!‘ А јас одговорив: ‚Еве ме!‘
12
А тој рече: ‚Крени ги очите твои и погледај, машките што со ситниот добиток се парат, се ригести, со бели дамки и шарени; зашто гледам сѐ што ти прави Лаван.
13
Јас сум Бог, за Кој во Ветил го полеа споменикот со масло и ми даде ветување; стани сега и оди си од оваа земја, и врати се во родниот крај.‘“
14
Тогаш одговорија Рахила и Лија, и му рекоа: „Дали имаме уште некаков дел наследство во домот од таткото наш?
15
Зарем не нѐ сметаше како туѓинки? Тој нѐ продаде и го потроши дури и нашето сребро.
16
Затоа (сиот имот и) сето ова богатство, што му го зеде Бог на таткото наш, е наше и на нашите деца. Затоа сега прави онака како што ти рекол Бог.“
17
И се крена Јаков, па ги качи децата свои и жените свои на камили;
18
и го зеде со себе сиот свој добиток, и целото свое богатство, што го беше придобил во рамнината Арам, за да појде кај Исак, таткото негов, во земјата хананска.
19
А кога Лаван беше отишол да го стриже добитокот свој, тогаш Рахила му ги украде идолите на таткото свој.
20
И Јаков затаи од Лаван Арамеецот, не јавувајќи му дека ќе си оди.
21
И си замина со сиот свој имот, и се крена, премина преку Реката, и се упати кон гората Галаад.
22
На третиот ден му јавија на Лаван дека Јаков си заминал.
23
И ги зеде со себе (синовите и) роднините свои, па тргна по него во потера, и по седум дена го стигна во гората Галаад.
24
Но Бог му дојде на Лаван Арамеецот ноќе во сон, и му рече: „Внимавај, не зборувај му на Јаков ни добро, ни лошо!“
25
И го стаса Лаван Јаков; а Јаков ги беше распнал своите шатори во гората. А и Лаван исто така ги распна своите шатори во гората Галаад.
26
И Лаван му рече на Јаков: „Што направи? Зошто ме излага и ги одведе ќерките мои, како да се заробеници?
27
Зошто тајно избега и скришум отиде од мене? Ако ми кажеше, јас ќе те испратев со веселба и со песни, со тимпани и гусли.
28
Ти не ме удостои дури ни да ги бакнам внуците мои и ќерките мои! Постапи навистина неразумно.
29
Сега можам да постапам лошо со тебе. Но Бог на вашиот татко ми рече ноќеска, велејќи: ‚Внимавај, не зборувај му на Јаков ни добро, ни лошо.‘
30
Оди си, кога толку си се зажелел да се најдеш во домот на татко си, но зошто ги украде боговите мои?“
31
А Јаков му одговори на Лаван и рече: „Се плашев, бидејќи мислев дека насила ќе ми ги грабнеш ќерките свои од мене (и сѐ мое).
32
(И Јаков рече:) Кај кого ќе ги најдеш боговите твои, тој нема да остане жив; меѓу нашите луѓе барај го она, што е твое кај мене.“ (Но тој ништо не најде кај него), а Јаков, пак, не знаеше дека Рахила ги беше украла.
33
И влезе Лаван во шаторот на Јаков и во шаторот Лиин и во шаторот на двете слугинки, (ги пребара) и не ги најде. Па, откако излезе од шаторот на Лија, влезе во шаторот на Рахила.
34
А Рахила беше ги зела идолите и ги беше сокрила под седлото на една од камилите и беше седнала на нив. И го пребара Лаван целиот шатор, но не ги најде идолите.
35
А таа му рече на таткото свој: „Немој да се налутиш, господаре мој, што не можам да станам пред тебе, бидејќи го имам она што е редовно кај жените.“ И ги бараше идолите свои, но не ги најде.
36
И Јаков се налути, па се скара со Лаван и, велејќи, му рече: „Што сум направил, што сум згрешил, па толку жестоко ме гониш?
37
Ги пребара сите работи мои (во мојата куќа), и што најде од куќата твоја? Покажи овде пред моите и пред твоите луѓе, и тие нека пресудат меѓу нас двајцата.
38
Еве, дваесет години бев кај тебе: овците твои и козите твои не пометнуваа; а овни од твоето стадо не јадев.
39
Што ќе растргнеа ѕверовите, не ти го носев, сам го надоместував; од мене го бараше она, што ќе беше загубено дење или ноќе.
40
Дење ме истоштуваше горештината, а ноќе мрзнев; и сонот ми бегаше од очите.
41
Такви ми беа дваесетте години во твојата куќа. Ти служев четиринаесет години за двете ќерки твои и шест години за добитокот твој, и платата ми ја измени десетпати.
42
Да не беше со мене Бог на мојот татко, Бог Авраамов, и страхопочитта Исакова со мене, ти секако би ме отпуштил празен. Но Бог ја виде мојата неволја и трудот на рацете мои, па те прекори сношти.“
43
А Лаван му одговори на Јаков и рече: „Ќерките се мои ќерки; децата се мои деца, добитокот е мој добиток и, сѐ што гледаш, сѐ е мое; па можам ли нешто да им направам на ќерките мои и на децата што ги родија тие?
44
Туку ајде да склучиме сојуз јас и ти, и тоа нека биде сведоштво меѓу мене и тебе!“ (Притоа Јаков му рече: ете, кај нас нема никој; гледаш, Бог е сведок меѓу мене и тебе.)
45
Тогаш Јаков зеде камен и го постави за спомен.
46
И им рече Јаков на своите луѓе: „Соберете камења!“ И насобраа камења и ги нафрлија на куп, и јадеа (и пиеја) таму на купот. (И Лаван му рече: Овој куп денес е сведок меѓу мене и тебе.)
47
Лаван го нарече купот Јегар-Сахадута, а Јаков го нарече Галед.
48
Лаван (му) рече: „Денес овој куп (на Јаков и споменикот што го поставив) е сведок меѓу мене и тебе и затоа се нарече со името Галед.“
49
А се нарече и Мицпа, зашто Лаван рече: „Нека гледа Бог на мене и на тебе, откако ќе се разделиме еден од друг.
50
Ако постапуваш со ќерките мои лошо или ако земаш други жени покрај ќерките мои, иако нема човек да биде меѓу нас да гледа, знај дека Бог е сведок меѓу мене и тебе.“
51
И уште му рече Лаван на Јаков: „Еве го овој куп, еве го овој споменик, што го поставив меѓу тебе и мене;
52
овој куп и овој споменик нека бидат сведоци дека ниту јас нема да минам преку овој куп кај тебе, ниту ти кај мене ќе минеш преку овој куп и преку овој споменик за лошо.
53
Бог Авраамов и Бог Нахоров, Бог на таткото нивен нека суди меѓу нас!“ И Јаков се заколна во Бога; страхопочитта на неговиот татко Исак.
54
Тогаш Јаков закла жртва во гората, и ги повика своите луѓе да јадат; и тие јадеа леб (и пиеја) и ноќеваа во гората.
55
А рано наутро стана Лаван, и ги бакна внучињата и ќерките свои, и ги благослови; па тргна Лаван и се врати во своето место.
← Chapter 30
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 32 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50