bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Judges 1
Judges 1
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 2 →
1
По смртта на Исус, синовите на Израил Го прашаа Господа, велејќи: „Кој од нас прв ќе тргне против Хананците – да војува против нив?“
2
Господ одговори: „Јуда ќе тргне; ете, Јас ја предавам земјата во негови раце.“
3
Јуда, пак, му кажа на братот свој Симеон: „Дојди со мене во мојот дел за да војуваме против Хананците; а потоа јас ќе влезам со тебе во твојот дел.“ И Симеон отиде со него.
4
Тогаш Јуда тргна, и ги предаде Господ Хананците и Перизијците во рацете нивни, и тие убија од нив во Безек десет илјади души.
5
Во Безек наидоа на Адони-Везек, започнаа битка со него и ги разбија Хананците и Перизијците.
6
Адони-Везек избега, но тие се спуштија, тргнаа по него, го фатија и му ги исекоа палците на рацете негови и на нозете негови.
7
Тогаш Адони-Везек рече: „Седумдесет цареви со пресечени палци на рацете и нозете собираа трошки под трпезата моја; како што правев јас, така ми воздаде Бог.“ И го доведоа во Ерусалим, каде што и умре.
8
И војуваа Јудините синови против Ерусалим, го презедоа и го поразија со меч и градот го изгореа со оган.
9
Потоа Јудините синови тргнаа да војуваат против Хананците, кои живееја во планинската земја, во јужната област и во рамнината.
10
И тргна Јуда против Хананците, кои живееја во Хеврон, (порано Хеврон се нарекуваше Кирјат-Арба), и ги разбија Шешај, Ахиман и Талмај (од Енаковиот род).
11
Оттука тргнаа против жителите на Давир; порано Давир се викаше Кирјат-Сефер.
12
Тогаш Халев рече: „Кој ќе го нападне Кирјат-Сефер и ќе го преземе, ќе му ја дадам ќерката своја Ахса за жена.“
13
Го презеде Готониил, синот на Кеназ, помладиот брат на Халев; и тој му ја даде ќерката своја Ахса за жена.
14
Пред да замине таа, Готониил ја подучи да бара од татко си земја, и таа слезе од магарето. Халев ја праша: „Што бараш?“
15
А таа му рече: „Дај ми благослов; ти ми даде сува земја, дај ми и водни извори.“ И ѝ ги даде Халев горните извори и долните извори.
16
Кенијците, пак, кои водат потекло од Мојсеевиот тест, појдоа од градот на палмите со Јудините синови во Јудината пустина, која е на југ од Арад. И дојдоа и се населија меѓу народот.
17
Потоа тргна Јуда со својот брат Симеон и ги совладаа Хананците, кои живееја во Цефат, го проколнаа градот со проклетство и го нарекоа тој град Хорма.
18
Јуда исто така ги презеде Газа со нејзината околина, Ашкелон и неговата околина, и Екрон и неговата околина (и Азот со неговата околина),
19
Господ беше со Јуда, и тој ја доби во наследство планината; но не можеше да ги истера жителите на долината, бидејќи тие имаа железни двоколки.
20
А на Халев му го предадоа Хеврон, како што беше рекол Мојсеј, (и таму тој ги доби во наследство трите града) и ги истера оттаму трите сина на Анак.
21
Но Венијаминовите синови не ги истераа Јевусијците, кои живееја во Ерусалим; Јевусијците живеат со потомците на Венијамин во Ерусалим и до ден-денес.
22
И синовите Јосифови исто така тргнаа против Ветил, и Господ беше со нив.
23
(И се задржаа) Јосифовите синови го разгледаа Ветил, а порано градот се нарекуваше Луз.
24
И стражарите видоа еден човек, кој доаѓаше од градот (го фатија) и му рекоа: „Покажи ни го влезот во градот, и ќе покажеме милост кон тебе.“
25
Тој им го покажа влезот во градот, и тие го совладаа градот со сечилото на мечот, а тој човек и сите негови роднини ги пуштија.
26
Тој човек отиде во земјата на Хитијците и изгради таму град и го нарече со името Луз. Тоа му е името и до ден-денес.
27
И Манасија не ги избрка жителите на Бет-Шан (кој е град на Скитите) и неговите села, ниту жителите на Таанах и неговите села, ниту жителите на Дор и неговите села, ниту жителите на Јивлеам и неговите села, ниту пак на Мегидо и неговите села. Но, Хананците и понатаму останаа да живеат во оваа земја.
28
Кога Израил стана силен, им наметна данок на Хананците, но не ги избрка.
29
И Ефрем не ги истера Хананците кои живееја во Гезер; и Хананците живееја меѓу нив во Гезер (и им плаќаа данок).
30
И Завулон не ги избрка жителите на Китрон, ниту жителите на Нахалол, и Хананците живееја меѓу нив и им плаќаа данок.
31
И Асир не ги избрка жителите на Ако, (кои му плаќаа данок, ниту жителите на Дор) и ниту жителите на Сидон и Ахлав, ниту од Ахзив, Хелба, Афик ниту, пак, од Рехов.
32
Се насели Асир меѓу Хананците, жителите на таа земја, бидејќи не можеше да ги избрка.
33
И Нефталим не ги избрка жителите на Ветсамис како ни жителите на Бет-Анат и живееше меѓу Хананците, жителите на таа земја; а жителите на Ветсамис и на Бет-Анат беа негови поданици.
34
Аморејците ги потиснаа синовите Данови во горите, бидејќи не им даваа да слезат во долината.
35
И Аморејците останаа да живеат во Хар-Херес, во Ајалон и Шаалевим; но раката на Јосифовиот дом ги присили (Аморејците) и тие им станаа поданици.
36
Пределите на Аморејците се протегаа од угорнината Акравим, од Карпата сѐ угоре.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21