bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Mark 1
Mark 1
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 2 →
1
Почеток од Евангелието на Исус Христос, Син Божји.
2
Како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој ќе го подготви Твојот пат пред Тебе:
3
‚Гласот на оној, што вика во пустината: подгответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови.‘“
4
Се јави Јован, крштевајќи во пустината и проповедајќи покајно крштевање за проштевање на гревовите.
5
И доаѓаа кај него од целата Јудејска земја и од Ерусалим, и сите се крштеваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
6
А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед.
7
Тој проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.
8
Јас ве крстив со вода, а Тој ќе ве крсти со Дух Свети.“
9
А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јован во Јордан.
10
И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него.
11
И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја.“
12
Веднаш потоа Духот Го изведе во пустината.
13
И беше таму, во пустината, четириесет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа.
14
А потоа, откако Јован беше предаден, дојде Исус во Галилеја и го проповедаше Евангелието за царството Божјо,
15
и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието.“
16
И, одејќи покрај Галилејското Море, Исус го виде Симон и брат му Андреј како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари.
17
Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“
18
И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
19
Па, штом одмина малку, го виде Јаков Заведеев и брат му Јован, исто така во кораб како ги крпат мрежите;
20
веднаш ги повика и нив. И тие, откако го оставија татка си Заведеј во коработ со наемниците, тргнаа по Него.
21
И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата Тој влезе во синагогата и поучуваше.
22
И се чудеа на Неговата наука, зашто Тој ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците.
23
Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика,
24
говорејќи: „Што имаш Ти со нас, Исусе од Назарет! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји!“
25
Но Исус му заповеда, велејќи: „Замолкни и излези од него!“
26
Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со силен глас и излезе од него.
27
И се ужаснаа сите, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Што е ова!? И како е ова ново учење, што со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат!“
28
И веднаш се разнесе глас за Него по целиот Галилејски крај.
29
Штом излегоа од синагогата, дојдоа со Јаков и Јован во куќата на Симон и Андреј.
30
А тештата на Симон лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа.
31
Тој пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа им служеше.
32
А приквечер, кога заоѓаше сонцето, кај Него донесуваа секакви болни и бесомачни.
33
И целиот град се беше собрал пред портата.
34
И излекува многу болни што страдаа од разни болести; истера многу демони и не им дозволуваше на демоните да зборуваат, дека знаат оти Тој е Христос.
35
А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде на пусто место и таму се молеше.
36
А Симон, и оние што беа со Него, тргнаа да Го бараат;
37
па, кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“
38
А Тој им рече: „Да појдеме до блиските села и градови, и таму да проповедам, зашто затоа сум дошол.“
39
И проповедаше во нивните синагоги, по цела Галилеја и изгонуваше демони.
40
И дојде кај Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него и Му рече: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“
41
А Исус, кога се смилува, протегна рака, се допре до него и му рече: „Сакам! Очисти се!“
42
И штом го рече тоа, се изгуби лепрата од него, и тој стана чист;
43
Па, откако го отпушти, му заповеда,
44
и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажуваш; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за очистување, како што заповедал Мојсеј – ним за сведоштво.“
45
А тој, штом излезе, почна да раскажува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во градот, а се задржуваше надвор, во осамени места. И доаѓаа кај Него отсекаде.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16