bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Mark 14
Mark 14
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 15 →
1
По два дни беше Пасха и празникот Бесквасници. А првосвештениците и книжниците сакаа да Го фатат на измама и да Го убијат;
2
но велеа: „Не на празникот, за да не стане бунт меѓу луѓето.“
3
А кога Тој беше во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот, и седеше на трпеза, дојде една жена со алабастерен сад со скапоцено и чисто нардово миро и, кога го искрши садот, го изли мирото врз главата Негова.
4
А некои негодуваа во себе и говореа: „Зошто мирото да се растура?
5
Тоа можеше да се продаде за повеќе од триста денарии, и да им се раздадат на сиромасите.“ И негодуваа против неа.
6
Но Исус рече: „Оставете ја неа; зошто ја буните? Таа направи добро дело кон Мене!
7
Сиромасите секогаш ги имате со вас и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш.
8
Тоа што можеше, таа го направи: однапред го помаза телото Мое за погребение.
9
Вистина ви велам: каде и да се проповеда ова Евангелие, по целиот свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа, што го направи таа.“
10
Тогаш Јуда Искариотски, еден од дванаесетмината, отиде кај првосвештениците за да им Го предаде.
11
А тие, штом чуја, се зарадуваа и ветија да му дадат пари. И бараше погодно време за да Го предаде.
12
Во првиот ден на Бесквасници, кога го колеа Пасхалното јагне, учениците Негови Му рекоа: „Каде сакаш да отидеме и да приготвиме, за да ја јадеш Пасхата?“
13
И прати двајца од учениците Свои, па им рече: „Отидете в град; и ќе ве сретне еден човек, што ќе носи стомна со вода; одете по него.
14
И каде што ќе влезе тој, кажете му на домаќинот: ‚Учителот прашува: каде е собата, во која ќе ја јадам Пасхата со учениците Свои?‘
15
И тој ќе ви покаже голема соба, послана, приготвена; таму згответе ни.“
16
И излегоа учениците Негови и дојдоа во градот, и најдоа како што им беше рекол, па ја приготвија Пасхата.
17
А кога се стемни, Тој дојде со дванаесетмината.
18
И кога седеа на трпезата и јадеа, Исус им рече: „Вистина ви велам: еден од вас, што јаде со Мене, ќе Ме предаде.“
19
Тие се разжалостија и почнаа еден по друг да прашуваат: „Да не сум јас?“
20
А Тој им одговори и рече: „Еден од дванаесетмината е, што мака со Мене во чинијата.
21
Но Синот Човечки заминува, како што е пишано за Него. Само тешко му на оној човек, преку кого Синот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек, да не се беше родил!“
22
И кога јадеа, зеде Исус леб, го благослови, го прекрши, па им даде и рече: „Земете, јадете; ова е Моето тело.“
23
Потоа ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите.
24
И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина.
25
Вистина ви велам: нема да пијам веќе од лозовиот плод, сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов во царството Божјо.“
26
Па, откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Гора.
27
И им рече Исус: „Сите ќе се соблазните заради Мене во оваа ноќ, зашто е напишано: ‚Ќе го удрам пастирот и ќе се разбегаат овците.‘
28
А по воскресението Мое ќе отидам пред вас во Галилеја.“
29
А Петар Му рече: „Дури и сите да се соблазнат, јас не!“
30
И му рече Исус: „Вистина, ти велам дека уште денес, во оваа ноќ, пред да запее петел двапати, ти трипати ќе се откажеш од Мене!“
31
Но тој уште поодлучно говореше: „Ако треба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.“ И сите истото го рекоа.
32
Пристигнаа во пределот, по име Гетсиманија; и им рече на учениците Свои: „Седете овде, додека отидам да се помолам!“
33
И ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован; се замисли и почна да тагува,
34
па им рече: „Душата Ми е до смрт нажалена; останете тука и бидете будни!“
35
И штом се оддалечи малку, падна на земја и се молеше, за да Го одмине часот, ако е можно;
36
и велеше: „Ава, Оче! Сѐ е можно за Тебе; отклони ја од Мене оваа чаша; сепак не како Јас што сакам, туку како Ти!“
37
Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петар: „Симоне, спиеш ли? Не можеше ли еден час да бидеш буден?
38
Бидете будни и молете се да не паднете во искушение: зашто духот е бодар, но телото е слабо.“
39
И пак отиде и се помоли, изговарајќи ги истите оние зборови.
40
А кога се врати, ги најде пак како спијат, зашто очите им беа натежнале; и не знаеја што да Му одговорат.
41
И по третпат дојде и им рече: „Само спиете и почивате! Доста, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници.
42
Станете, да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава.“
43
И веднаш, додека Тој сѐ уште говореше, Јуда, еден од дванаесетмината, дојде, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратени од првосвештениците, книжниците и старешините.
44
А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам, Тој е: фатете Го и водете Го претпазливо!“
45
Па, кога дојде, веднаш пријде до Него и рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го целива.
46
А тие ги кладоа рацете свои на Него и Го фатија.
47
Еден, пак, од оние, што стоеја таму, извади нож, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото.
48
Исус им одговори и рече: „Зар како на разбојник сте излегле со мечеви и стапови, за да Ме фатите?
49
Секој ден бев со вас во храмот и поучував, и не Ме фативте. Но, нека се исполнат Писмата.“
50
И откако Го оставија, сите се разбегаа.
51
А по Него врвеше некој млад човек, наметнат со платниште на голо тело; и војниците го фатија тој млад човек.
52
Но тој, кога го остави платништето, побегна од нив необлечен.
53
И Го доведоа Исуса кај првосвештеникот, и се собраа таму сите првосвештеници, старешини и книжници.
54
А Петар врвеше по Него оддалеку, сѐ до внатре, во дворот на првосвештеникот; па седна со слугите и се грееше на огнот.
55
Првосвештениците и целиот Синедрион бараа сведоштва против Исуса, за да Го убијат, и не наоѓаа.
56
Зашто мнозина лажно сведочеа против Него, но тие сведоштва не се сложуваа.
57
И станаа некои, па сведочеа лажно против Него, велејќи:
58
„Чувме кога Тој говореше: ‚Ќе го урнам овој ракотворен храм и по три дни ќе соѕидам друг, неракотворен.‘“
59
Но ниту тоа нивно сведочење не беше еднакво.
60
И првосвештеникот, откако застана на средина, Го праша Исуса говорејќи: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?“
61
Но Тој молчеше и ништо не одговараше. Првосвештеникот пак Го праша и Му рече: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?“
62
Исус рече: „Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на Силата и како доаѓа на облаците небески.“
63
А првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече: „Зошто ни се повеќе сведоци?
64
Чувте како хули на Бога; што мислите?“ И сите тие Го осудија дека заслужува смрт.
65
А некои почнаа да плукаат на Него, да Му го покриваат лицето, да Го удираат и да Му велат: „Проречи!“ И слугите Го удираа по образите.
66
Кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на првосвештеникот,
67
па, штом го виде Петар како се грее, го погледна и рече: „И ти беше со Исус од Назарет.“
68
Но тој одрече, велејќи: „Не знам, ниту разбирам што говориш.“ И излезе надвор пред дворот и запеа петел.
69
Слугинката, кога го виде повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: „И овој е од нив!“
70
Тој пак одрече. Подоцна, оние, што стоеја таму, му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив; бидејќи си Галилеец, а и говорот ти е таков!“
71
А тој почна да се колне и заколнува: „Не Го познавам Тој Човек, за Кого говорите!“
72
И по вторпат петел запеа. Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: „Уште пред двапати петел да запее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И почна да плаче.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16