bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Matthew 13
Matthew 13
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 14 →
1
Во тој ден, откако Исус излезе од куќата, седна покрај морето.
2
И се собра околу Него многу народ, така што Тој влезе во кораб и седна, а сиот народ стоеше на брегот.
3
И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее;
4
и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот; долетаа птици и ги исколваа.
5
Други, пак, паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, зашто земјата не беше длабока.
6
Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се исушија.
7
Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши.
8
Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет.
9
Кој има уши да слуша, нека чуе.“
10
И кога пријдоа до Него учениците, Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?“
11
А Тој им одговори и рече: „Затоа вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.
12
Бидејќи, кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има.
13
Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видуваат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбираат;
14
и над нив се исполнува пророштвото на Исаија, кој вели: ‚Со уши ќе чуете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите;
15
срцето на овие луѓе закоравело и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои за да не би некогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да се покајат и да ги исцелам.‘
16
Вашите, пак, очи се блажени, бидејќи гледаат и ушите ваши – бидејќи слушаат;
17
зашто вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.“
18
„Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот.
19
Кај секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа лукавиот и го граба посеаното во срцето негово; ете, тоа е посеаното покрај патот.
20
А посеаното на камен е оној што го слуша словото и веднаш со радост го прима;
21
но нема во себе корен и е непостојан: дојде ли неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнува.
22
Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижата од овој свет и примамливоста на богатството го задушуваат словото и тоа останува без род.
23
А посеаното на добра земја е оној што го слуша словото и го разбира, и кој дава род, па донесува: еден сто, друг шеесет, а трет триесет.“
24
И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на човек што посеал добро семе на својата нива.
25
Но, додека спиеја луѓето, дојде неговиот непријател и посеја меѓу житото какол, па си отиде.
26
А кога израсна растението и донесе род, тогаш се појави и каколот.
27
И кога дојдоа слугите на стопанот, му рекоа: ‚Господаре, нели добро семе посеа на нивата своја? Од каде сега, пак, овој какол во неа?‘
28
А тој им рече: ‚Непријателот го направи тоа!‘ Слугите, пак, му рекоа: ‚Сакаш ли да одиме и да го исплевиме?‘
29
Но тој им рече: ‚Не, да не би, корнејќи го каколот, да искорнете заедно со него и жито;
30
оставете нека расте и едното и другото, заедно до жетвата; а за време на жетвата ќе им кажам на жетварите: соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за да изгори; а, житото приберете го во мојата житница.‘“
31
И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на синапово зрно, кое човек го зел и го посеал на нивата своја.
32
Тоа е најмало од сите семиња, но кога ќе израсне, поголемо е од сите зеленчуци, па станува дури и дрво, така што птиците небески долетуваат и се вгездуваат на неговите гранки.“
33
И друга парабола им кажа: „Царството небесно прилега на квас, што го зема жена и го клава во три мери брашно, дури не скисне сето.“
34
Сето ова му го зборуваше Исус на народот во параболи и без параболи не им говореше ништо;
35
за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: „Со параболи ќе ја отворам устата Своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот.“
36
Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците Му пристапија и Му рекоа: „Протолкувај ни ја параболата за каколот на нивата!“
37
А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки.
38
Нивата е светот; доброто семе се синовите на царството, а каколот – синовите на лукавиот.
39
Непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е крајот на светот, а жетварите се ангелите.
40
И така, како што се собира каколот и се гори во оган, така ќе биде и при крајот на овој свет.
41
Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе ги соберат сите соблазни од Неговото царство, и оние што вршат беззаконие,
42
и ќе ги фрлат во вжарена печка; таму ќе има плач и крцкање со заби.
43
Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!“
44
„Царството небесно прилега уште и на богатство сокриено во нива, кое го нашол човек и сокрил, па, од радост за него, оди и продава сѐ што има, и ја купува таа нива.“
45
„Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери;
46
па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има и го купува.“
47
„Царството небесно прилега уште и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секакви риби;
48
и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите ги собираат во садови, а лошите ги фрлаат надвор.
49
Така ќе биде и при крајот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги одделат лошите од праведните,
50
и ќе ги фрлат во огнена печка: таму ќе има плач и крцкање со заби.“
51
И ги праша Исус: „Дали го разбравте сето ова?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“
52
А Тој им рече: „Затоа секој книжник, кој се научил за царството небесно, прилега на домаќин што изнесува од својата ризница ново и старо.“
53
И, откако ги кажа Исус овие параболи, си замина оттаму.
54
А штом дојде во Својот роден крај, ги поучуваше во синагогата нивна, така што сите се чудеа и велеа: „Од каде кај Него ваква мудрост и моќ?
55
Нели е Овој син на дрводелецот? Мајка Му нели се вика Марија, и браќата Негови – Јаков и Јосија, Симон и Јуда?
56
И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа кај Него?“
57
И се соблазнуваа заради Него. А Исус им рече: „Нема пророк без чест, освен во земјата негова и во домот негов.“
58
И не направи таму многу чуда поради нивното неверие.
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28