bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
1 Corinthians 14
1 Corinthians 14
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 15 →
1
Стремете се кон љубовта; ревнувајте за духовните дарови, а особено да пророкувате.
2
Зашто оној, кој зборува на друг јазик, тој не им зборува на луѓе, туку на Бога; бидејќи никој не го разбира, а со Духот кажува тајни;
3
кој, пак, пророкува, тој им зборува на луѓето за надградување, охрабрување и утешување.
4
Кој зборува на друг јазик, тој се надградува сам себе; а кој пророкува, тој ја надградува Црквата.
5
Но јас би сакал сите вие да зборувате на други јазици, а уште повеќе да пророкувате: зашто, кој пророкува, е поголем од оној, кој зборува јазици — освен ако и ги толкува, за да се надградува Црквата.
6
Сега, ако дојдам кај вас, браќа, и ви зборувам на други јазици, каква полза ќе имате од мене, ако не ви соопштувам или со откровение, или со знаење, или со пророштво, или со поука?
7
И бездушните предмети, како кавалот или гуслата, што даваат глас, ако не даваат разни гласови, како ќе се разбере што свири кавалот или гуслата?
8
Зашто, ако трубата не дава разбирлив глас, тогаш кој ќе се готви за битка?
9
Така и вие, ако со јазикот свој не изговарате разбирливи зборови, како ќе се разбере она што го зборувате? Ќе бидете како оние кои говорат во ветер.
10
Во светот има којзнае колку разни гласови, и ниеден од нив не е без значење.
11
Ако, пак, не го разбирам значењето на тие гласови, тогаш за оној што зборува ќе бидам туѓинец, а и тој за мене туѓинец.
12
Така и вие, бидејќи сте ревнители за духовни дарови, грижете се да ги добиете во изобилство, за надградување на Црквата.
13
Затоа, оној што зборува на друг јазик, нека се моли за дар да може да го толкува.
14
Зашто, ако се молам на друг јазик, се моли мојот дух; умот, пак, мој останува бесплоден.
15
Па што да се прави? Ќе Му се молам со дух, ќе се молам и со ум; ќе Го воспевам Бога со дух, ќе Му пеам со ум.
16
Зашто, ако благословуваш со дух, како ќе рече „амин!“ на твоето благодарење простиот човек, кога не разбира што велиш?
17
Ти благодариш убаво, но другиот не се надградува.
18
Му благодарам на Мојот Бог, зашто зборувам на други јазици повеќе од сите вас;
19
но в црква повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик.
20
Браќа, по умот немојте да бидете како деца; за злото бидете како дечиња, а по умот зрели.
21
Во Законот е напишано: „На други јазици и со друга уста ќе му зборувам на овој народ, но и така нема да Ме послуша, вели Господ.“
22
Затоа јазиците не се знак за оние што поверувале, туку за оние што не поверувале; пророкувањата, пак, не се за оние што не веруваат, туку за оние што веруваат.
23
Ако, пак, целата Црква се собере на едно место и сите почнат да зборуваат на непознати јазици, а дојдат и прости луѓе или безверници, нема ли да речат дека сте полуделе?
24
Но, ако сите пророкуваат, а дојде некој прост човек или безверник, него сите ќе го обвинат и сите ќе го осудат,
25
така што тајните на срцето ќе му се откријат, и тој, ќе падне на колена, ќе Му се поклони на Бога и ќе рече: „Навистина, Бог е во вас.“
26
Па што, браќа? Кога ќе се собирате, и секој од вас има — кој псалм, кој поука, кој јазик, кој откровение, кој толкување, — сѐ нека биде за надградување.
27
Ако некои зборуваат на непознат јазик, двајца или најмногу тројца, нека зборуваат по ред, а еден да толкува.
28
Ако пак, нема толкувач, тогаш в црква да молчат, а нека си зборуваат во себе и на Бога.
29
Пророците, пак, да зборуваат двајца или тројца, а другите да расудуваат.
30
Но, ако на некој друг што седи му дојде откровение, тогаш првиот нека замолчи.
31
И така, еден по друг можете сите да пророкувате, та сите да се поучувате и сите да се охрабрувате.
32
И пророчките духови им се покоруваат на пророците;
33
зашто Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Како што е по сите цркви меѓу светиите,
34
жените ваши по црквите да молчат: ним не им е допуштено да зборуваат, туку да се потчинуваат, како што вели и Законот.
35
Ако, пак, сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да зборува.
36
Зар од вас излезе словото Божјо? Или, пак, само до вас стигна?
37
Ако некој мисли дека е пророк или надарен со дух, нека знае дека ова што ви го пишувам е заповед Господова.
38
А кој не разбира, нека не разбира.
39
И така, браќа, настојувајте да пророкувате, но не забранувајте да се зборува и на други јазици.
40
Сѐ нека биде достојно и уредно.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16